Вера Велјановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 23 јуни 1955
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање професор по физичка култура, атлетичарка


Вера Велјановска (23 јуни 1955 во Битола) — една од највлијателните битолски спортистки во државата и пошироко. Во нејзината спортска кариера има освоено седумдесет златни, петнаесет сребрени, и три бронзени медали, една златна плакета и две сребрени плакети, многу пехари, награди и признанија. Се натпреварувала во поранешна Југославија како и во други држави. Прогласена е за спортист на Македонија во 1973 и 1974 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Вера Велјановска е родена во Битола. Образованието го завршила на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Членувала во АК „Олимпија“ во Битола. Земала и учество на разни атлетски манифестации во Југославија и други држави каде лесно се истакнувала. Таа е репрезентативка на куси атлетски патеки која ги бранела боите на Македонија и Југославија. Од 1970 до 1975 година била редовен член на македонската и југословенската репрезентација во сениорска и јуниорска конкуренција.

Има направено рекорди што се сѐ уште несоборени. Тие се 7,3 секунди на 60 метри во сала во Букурешт, 7,5 секунди на 60 метри во сала во Сплит, 11,6 секунди на 100 метри на отворено во Букурешт, 200 метри на отворено - 24 секунди во Софија. Вера настапила и била успешна на Европскиот куп во Холандија и на Европското првенство во Дујсбург во Германија.

Четирипати се наоѓа на листата на најдобри спортисти во Битола. Во 1973 и 1974 година го добива и првото место, станувајќи спортист на Македонија.

Признанијата и наградите на кои Вера е добитник вклучуваат Плакета по повод 30 година физичка култура во Битола, награда „4 Ноември“ во Битола, „Седум секретари на СКОЈ“, како и Сребрена плакета од Светската атлетска федерација во 1998 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велјанова“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 262. (2009). Скопје: МАНУ.