Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Светите маченички Вера, Нада и Љубов (латински: Fides, Spes et Caritas) и нивната мајка Софија (Мудрост) — христијански светици и маченички од II век.
Тие живееле и починале во Рим за време на владеењето на царот Адријан.[1] По раѓањето на третата ќерка, Софија останала вдовица.
Во времето на нивната смрт, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов 9 години. Тие биле изведени пред царот, каде што решително ја признале својата вера во Исус Христос и одбиле да ѝ принесат жртви на божицата Артемида.[2] Потоа биле мачени и убиени по наредба на царот. Софија ги зела мртвите тела на своите ќерки и ги погребала надвор од градот. По три дена и три ноќи молитва на нивните гробови, таа самата починала во 137 година.[2]
Православната црква ги слави светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија на 17 септември според јулијанскиот календар, или 30 септември според грегоријанскиот календар..
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Свете мученице Вера, Нада, Љубав, и мајка им Софија“. spc.rs.
- 1 2 Administrator. „Свете мученице Вера, Нада, Љубав, и мајка им Софија - Епархија Шумадијска“. www.eparhija-sumadijska.org.rs (српски). Посетено на 2024-01-21.