Венцендорф

Координати: 53°21′0″N 9°46′0″E / 53.35000° СГШ; 9.76667° ИГД / 53.35000; 9.76667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Венцендорф
Поглед на Венцендорф
Поглед на Венцендорф
Поглед на Венцендорф
Грб на Венцендорф
Венцендорф во рамките на Германија
Венцендорф
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Општ. заед. Холенштет
Месни единици 5
Градоначалник Манфред Корс (WGW)
Основни податоци
Површина 21,47 км2
Надм. височина 64 м
Население 1.414 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 66 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21279
Повик. бр. 04165
Портал [1]
Местоположба на Венцендорф во рамките на округот Харбург
Карта
Карта
Координати 53°21′0″N 9°46′0″E / 53.35000° СГШ; 9.76667° ИГД / 53.35000; 9.76667

Венцендорф (германски: Wenzendorf) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Општината Венцендорф се наоѓа околу 30 километри југозападно од Хамбург. Реката Есте поминува во општината.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Кон општината Венцендорф припаѓаат местата:

  • Дирсторф
  • Дирсторф-Хајде
  • Клауенбург
  • Венерсторф
  • Венцендорф

Леталиште[уреди | уреди извор]

Леталиштето Венцендорф се наоѓа околу 2 километри југоисточно од главното село.

Фабрика[уреди | уреди извор]

Во 1934 година, „Хамбургер Флугцојгбау“ започнала со изградба на првата фабрика за воздухоплови во Венцендорф и изградиле огромен аеродром за тест-летови. Фабриката започнала со работа во 1935 година.[2]

Кратко потоа претпријатието го променило своето име како на фирмата-мајка, Блом и Фос.

На 6 октомври 1944 година, фабриката била сериозно оштетена во напад на американските воздухопловни сили и три месеци подоцна била скоро целосно уништена во втор напад.[3][4]

Денешна употреба[уреди | уреди извор]

Денес, леталиштето е со многу помала површина. Има една тревната писта во должина од 750 метри.

Некои од старите градби на фабриката биле претворени во дом за стари лица.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Hermann Pohlmann; Chronik Eines Flugzeugwerkes 1932-1945, Motorbuch, 2nd Impression, 1982. (германски).
  3. RonaldV; "Wenzendorf", Abandoned, Forgotten & Little-Known airfields in Europe.
  4. Flugzeugwerk und Flugplatz Wenzendorf (германски)
  5. Eighth Air Force Historical Society[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]