Прејди на содржината

Венечки мост

Координати: 40°1′12.8″N 21°37′23.3″E / 40.020222° СГШ; 21.623139° ИГД / 40.020222; 21.623139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Венечки мост
Γεφύρι Κέντρου
Координати40°1′12.8″N 21°37′23.3″E / 40.020222° СГШ; 21.623139° ИГД / 40.020222; 21.623139
МестоВенци, Гребенско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина9 м
Ширина3,8 м
Висина4,5 м
Најдолг распон4,2 м
Распони1
Историја
Завршен1814
Местоположба
Карта

Венечки мост (грчки: Γεφύρι Κέντρου) или Турски мост (Τούρκικο Γεφύρι) — стар камен мост кај селото Венци, Гребенско, Егејска Македонија.[1][2]

Мостот преминува рекичка, притока на Бистрица. Се наоѓа на надморска височина од 626 м, веднаш источно од Венци. Изграден е во 1814 година и го поврзува Венци со соседните села Агалуш и Саракин. Активно се користел сè до 1960-тите.[1]

Има еден полукружен лак. Има должина од 9 м, висина од 4,5 м, со распон на лакот од 4,2 м. Има ширина од 3,8 м (од кои 2,4 м отпаѓаат на коловозот), бидејќи уште од почетокот бил предвиден за запрежни коли.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 39. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. „Γεφύρι στο Κέντρο“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 6 ноември 2019.