Венетски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Венетски јазик
Застапен воИталија, Словенија
ПодрачјеБалкан, Апенински Полуостров
Изумреноколу 1 век
Јазично семејство
индоевропско
  • венетски јазик
Јазични кодови
ISO 639-3

Венетскиот е исчезнат индоевропски јазик што бил зборуван во античките времиња во северна Италија поточно во областа Венето и денешна Словенија. Јазикот е зачуван во писмена форма на околу 300 натписи што датираат од 6 век п.н.е. па се до 1 век. Луѓето што го зборувале јазикот се нарекувале Венети од страна на Римјаните и Грците. Јазикот тотално се изгубил со освојувањето на територијата од страна на Римската Империја. Денес, помеѓу славистите ширум Европа се појавува една теорија за овој јазик што од ден на ден станува се поприфатлива. Според нив венетскиот јазик не е никој друг освен дел од словенскиот јаизк. Тие научници тврдат дека венетскиот јазик и старословенскиот јазик биле еден ист јазик но со различна терминологија дадена од научниците од западна Европа. Исто така се тврди дека јазикот не бил зборуван само на територијата на Италија туку на територијата од Македонија до Русија па се до Франција.

Примери од јазикот[уреди | уреди извор]

Натписите се пронајдени на бронзена накит во Есте, Италија. Примерите се од Јадранскиот Венетски јазик, а за останатите дијалекти на овој јазик има слабо извори. Овој дијалект е сличен со латинскиот јаизк.

венетички: mego donasto śainatei reitiiai porai egeotora aimoi ke louderobos
латински: me donavit sanatrici Reitiae bonae Egetora [pro] Aemo liberis-que
венетички: eik goltanos doto louderai kanei
латински: hic Goltanus dedit Liberae Cani