Полово пренослива болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Венерична болест)
„Сифилисот е опасна болест, но може да се излечи“. Постер за третман на сифилис, прикажан текст и дизајн на сидро и крст. Создадено / Објавено: Рочестер, Њујорк: Федерален уметнички проект на ВПА, помеѓу 1936 и 1938 година. Творец: Ханс Ерик Краузе, роден во 1899 година, уметник.

Полово пренослива болест (ППБ), сексуално пренослива болест или венерична болестболест која може да се пренесе меѓу лица или животни преку полов однос, вклучувајќи вагинален однос, орален секс и анален секс. Во минатото, додека за поголемиот број болести се сметало дека спаѓаат во STD или VD, во денешно време повеќе се употребува терминот сексуално преносливи инфекции СПИ кој има големо значење: лицето може да биде инфицирано и постои можност да зарази и други лица без да покажува некакви знаци на болест. Некои СПИ може да се пренесат преку употреба на интровенозна игла за дрога, откако претходно била употребена од друго лице, како и преку породување или доење. Сексуално преносливите болести постојат веќе стотици години.

Класифицирање и терминологија[уреди | уреди извор]

До 1990-тите, ППБ беа познати како венерични болести: Veneris е латинскиот генитив од Venus, римската божица на љубовта. Општествена болест е другиот еуфемизам.

Членовите на јавното здравје го претставија терминот сексуално пренослива инфекција, чии клиничари истовремено го користат и терминот сексуално пренослива болест за да можат да ги разликуваат. Според Центарот за снабдување на средства за СИДА во етиопија, „Понекогаш терминот ППБ се заменува со терминот СПИ. Ова може да биде збунувачко и не секогаш точно, па затоа помага во воочување на разликата помеѓу двете инфекции. Инфекцијата значи, на микроб- вирус, бактерија или паразит- дека може да предизвика болест која постои внатре во човечкото тело. Лицето кое е заразено не мора да значи дека мора да има симптоми или знаци со кои вирусот или бактеријата најчесто го повредуваат неговото или нејзиното тело; Не мора да се чувствуваат болно. Болеста значи дека инфекцијата прави инфицираното лице да се чувствува болно или пак да забележи дека нешто не е во ред. Поради ова, терминот СПИ – кој се однесува на инфекција со секој микроб кој може да предизвика ППБ дури и ако инфицираното лице нема симптоми - е поширок термин за разлика од ППБ. Направената разлика, сепак, е поблиска до таа помеѓу колонизација и инфекција, отколку од таа помеѓу инфекција и болест .

Поточно, терминот ППБ се однесува само на инфекции кои предизвикуваат симптоми. Бидејќи поголемиот број лица не знаат дека се заразени со ППБ сè додека не почнат да се појавуваат симптоми на болест, повеќето од нив го користат терминот ППБ, иако терминот СПИ е исто така соодветен во повеќето случаи.

Освен тоа, терминот сексуално пренослива болест понекогаш се користи кога е помалку ограничена во однос на други фактори или начини на пренесување. На пример, менингитис се пренесува преку сексуален контакт но, не се забележува како СПИ, бидејќи сексуалниот контакт не е примарен вектор на патогените кои предизвикуваат менингитис. Ова несогласување се однесува на веројатност од инфекција со значење за нешто друго освен сексуален контакт. Воопшто, СПИ претставува инфекција со занемарлива веројатност за пренесување преку сексуален контакт (повеќе софистицирани начини – трансфузија на крв, споделување на игли за подкожна употреба – не се земаат предвид). Според тоа, може да се претпостави дека, доколку лицето е заразено со СПИ, т.е. кламидија, гонореја, генитален херпес, заразено е преку пат на сексуален контакт.

Патологија[уреди | уреди извор]

Голем број ППБ (најлесно) се пренесуваат преку мукозни мембрани на пенис, вулва, ректум, уринарен тракт, и (поретко – во зависност од вид на инфекција) уста, грло, респираторен тракт и очи. Видливата мембрана која ја покрива главата на пенисот е мукозна мембрана, иако не создава слуз (сличен на оној на усните во устата). Мукозни мембрани се различни од кожа со тоа што дозволуваат одредени патогени да навлезат во телото. Патогените исто така се во состојба да преминат преку пречки и абразии на кожата, дури и покрај оние од една минута. Оската на пенисот е особено чувстителна на триење предизвикано за време на продорен секс. Примарните извори за инфекција во нагорен редослед се венерични течности, плунка, мукузна или кожна (особено на пенисот), исто така може да се пренесат и преку фекалии, урина и пот. Стапката за предизвикување инфекција варира со секој патоген но, секогаш е помалку отколку што може да се види со голо око.

Ова е една причина дека можноста за пренесување на многу инфекции е поголема преку сексуален пат отколку од обични начини на пренесување, како што се несексуален контакт – допирање, гушкање, поздравување – но, исто така не претставува и единствена причина. Иако мукозните мембрани постојат во устата исто како и во гениталиите, голем број на СПИ изгледа дека полесно се пренесуваат преку орален секс, отколку бакнување. Според табела за безбеден секс, поголем број инфекции кои лесно се пренесуваат од устата на гениталиите или од гениталиите на устата се многу потешки за пренесување од една уста на друга. Со ХИВ, гениталните течности содржат поголем број патогени отколку плунка. Некои инфекции кои се означени како СПИ може да се пренесат преку директен контакт со кожа. Пример за тоа се Херпес симплекс и ХПВ. Од друга страна пак, KSHV може да се пренесе преку бакнување но, исто така и кога се користи плунка како сексуален подмачкувач.

Во зависност од СПИ, лицето може да шири инфекција иако не постојат никакви знаци на болест. На пример, најчесто лицето може да шири херпес инфекција кога се јавуваат плускавци (ППБ) отколку кога ги нема (СПИ). Сепак, лицето може да шири ХИВ инфекција (СПИ) во секое време, дури и ако таа/тој нема развиено симптоми на СИДА (ППБ).

За секое сексуално однесување кое вклучува контакт со телесни течности од друго лице треба да се земе предвид дека содржи ризик за пренесување на сексуално преносливи болести. Поголемо внимание се обрнува на контролирање на ХИВ, со предизвикување на СИДА но, секоја ППБ претставува различна ситуација.

Како што може да се забележи од името, сексуално преносливи болести се пренесуваат од едно на друго лице преку одредени сексуални активности отколку директно предизвикани од страна на тие сексуални активности. Бактерија, габи, протозоа или вируси сè уште претставуваат предизвикувачки средства. Не е можно да се префати сексуално пренослива болест преку сексуална активност со лице кое не е носител на болеста; Обратно, лице кое е заразено со ППБ ја добил од контакт (сексуален или друг) со лице кое веќе ја имало, или преку негови/нејзини телесни течности. Некои ППБ како ХИВ може да се пренесат од мајка на дете за време на бременост или доење.

Иако веројатноста за пренесување различни болести преку различни сексуални активности во голема мера варира, воопшто, за сите сексуални активности помеѓу две (или повеќе) лица треба да се има предвид пренесување на ППБи во два правци, т.е. “давање“ или “примање“, и двата се ризични и покрај тоа што пренесуваат и носат повисок ризик.

Здравствените работници предлагаат безбеден секс, како на пример употребата на кондоми како најдостапен начин за намалување на ризикот од заразување со сексуално преносливи болести за време на сексуална активност но, под посигурен секс не треба да се смета апсолутна безбедност. Пренесувањето и изложеноста на телесни течности, како трансфузија на крв и други крвни производи, споделување игли, повреди од игли (кога медицинскиот персонал невнимателно инјектира или боцка со игли за време на медицински процедури), употреба на исти игли за тетовирање и раѓање на дете, претставуваат приод на пренесување. Овие различни начини одредуваат различни групи како медицински работници, хемофиличари и зависници од дрога кај кои постои ризик од зараза.

Недамнешни епидемиолошки испитувања ги испитувале мрежите кои се дефинирани како сексуални односи помеѓу лица, и откриле дека особините на сексуални мрежи се суштински за ширење на сексуално преносливи болести. Особено промискуитетно мешање помеѓу лица со голем број на сексуални партнери претставува значаен фактор.

Може да се биде асимптоматски носител на сексуално преносливи болести. Особено сексуално преносливите болести кај жените најчесто предизвикуваат тешки состојби на воспалување на карлица.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Инцидентните стапки на ППБ остануваат високи во поголемиот дел од светот и покрај дијагнозите и терапевтските предности кои можат брзо да создават пациенти кои не се заразени со многу СПИ или пак, да го лекуваат поголемиот број од нив. Во многу култури, променувањето на сексуалните морали и употребата на орална контрацепција ги елиминирале сексуалните ограничувања особено за жени, citation needed] и лекарите и пациентите имаат проблеми отворено и искрено да се соочат со сексуалните проблеми. Дополнително, развој и ширење на бактерија отпорна на лек (пр. gonococci отпорна на пеницилин) некои ППБ ги прави потешки за лекување. Ефектот на ширење е најдраматично претставен со брзото ширење на вирусот СИДА (ХИВ-1) од Африка во Европа и Америка во доцните 1970-ти.[5] Најчесто пријавена распространетост на СПИ меѓу сексуално активни женски лица, со или без симптоми на низок генитален тракт, вклучува chlamydia trachomatis (10 до 25%), Neisseria gonorrhoeae (3 до 18%), сифилис (0 до 3%), Trichomonas vaginalis (8 до 16%) и херпес симплекс вирус (2 до 12%).[citation needed] Помеѓу машките деца без симптоми на уретритис, стапката на изолација вклучува Ц. Trachomatis (9 до 11%) и Н. Гонореја (2 до 3%).[citation needed]

Во 1996 година, СЗО процени дека повеќе од 1 милион лица дневно се заразуваат. Околу 60% од овие инфекции се јавуваат кај помлади од 25 години, а другите 30% се лица помлади од 20 години. Помеѓу 14 и 19 години ППБ се јавуваат почесто кај девојчиња отколку кај машки со размер од 2:1; Овој број се изедначува до 20 година. Во 1999 година се појавиле околу 340 милиони нови случаи на сифилис, гонореја, кламидија и трикомонијазија. [6][7]

Заштита[уреди | уреди извор]

Главна одредба: Безбеден секс

Заштитата претставува клуч кој се однесува на нелечливи СПИ, како ХИВ и херпес.

Достапни се заштитни вакцини против некои СПИ, како Хепатит Б и некои видови на ХПВ. Се препорачува вакцинација пред впуштање во сексуален контакт со цел да се осигура максимална заштита.

Најефективен начин за заштита од сексуално претесување на СПИ е да се одбегнува контакт со делови од тело или течности преку кои може да се пренесат, што не мора да значи дека се пренесува само преку полов однос со заразено лице. Ниту еден контакт не го намалува ризикот од зараза. Сите сексуални активности не вклучуваат контакт: сајбер секс, телефонски секс или маструбација на растојание претставуваат методи за избегнување контакт. Правилната употреба на кондоми (машки или женски) го намалува контактот и ризикот.

Најдобро е сексуалните партнери да се тестираат за СПИ пред да остварат сексуален контакт или пред да продолжат со контактот доколку партнерот е во полов однос со некој друг. Голем број инфекции не се забележливи веднаш по изложувањето, затоа треба да помине доволно време помеѓу можна зараза и тестирање за тестовите да бидат точни. Одредени СПИ, особено одредени постојани вируси како ХПВ, невозможно е да се откријат со одредени медицински процедури.

Голем број болести кои формираат трајни инфекции можат толку многу да го зафатат имунитетот што многу лесно може да дојде до појава на други болести. Вродениот имунолошки систем, воден од дефенсини против ХИВ, може да го спречи преносот на ХИВ кога бројот на вирусите е многу мал но, доколку е зафатен или совладан од други вируси, ХИВ може самиот да се создаде. Одредени вродени СПИ го зголемуваат ризикот од смрт кај пациенти заразени со ХИВ.

Кондоми[уреди | уреди извор]

Кондомите нудат заштита само кога се правилно употребени како препрека од и до областа која ја покриваат. Назаштитените области се се уште достсапни за ППБ. Во случај на ХИВ, сексуалните патишта за пренесување скоро секогаш го вклучуваат пенисот, како ХИВ да не може да се пренесе од неоштетена кожа, иако соодветна заштита на влезениот пенис со соодветно наместен кондом го спречува преносот на ХИВ во вагината и анусот. Кога заразена течност ќе дојде до контакт со оштетена кожа не треба да се смета за „сексуално пренослива“ но, теориски може да се случи за време на сексуален контакт и ова може да биде спречено со неостварување на сексуален контакт кога има отворени рани. Други ППБ, дури и вродени инфекции, може да се спречат со употреба на латекс' кондоми како еден вид препрека. Некои микроорганизми и вируси се доволно мали за да поминат преку порите на кондоми од природни материјалино, сѐ уште преголеми за да поминат преку латекс кондомите. Кондомите се создадени, дизајнирани и произведени и никогаш нема да ве разочараат доколку се правилно употребени. Не постои случај на ХИВ како резултат на несоодветно произведен кондом.

Правилна употреба вклучува:

  • Не го стегајте кондомот на крајот и оставете простор од 1,5 cm на врвот за ејакулација. Ставањето кондомот на топло може и најчесто води до негово уништување.
  • Олабавениот кондом може да ја собори препреката.
  • Во ниеден момент не го превртувајте кондомот наопаку или да го разлевате откако е употребен, без разлика дали во него е ејакулирано или не.
  • Избегнувајте кондоми кои не се направени од латекс или полиуретан бидејќи не нудат заштита од ХИВ.
  • Избегнувајте мазива врз основа на масло (или се што содржи масло) со латекс кондоми бидејќи маслото создава дупки на кондомите.
  • Употребувајте кондоми со вкус само за орална употреба бидејќи предизвикуваат габични инфекции доколку се употребени за пенетрирање.

Поради не следење на првите пет горенаведени правила продолжува општата грешка дека кондомите не се соодветно тестирани или создадени. За најдобра заштитита од СПИ треба да се знае дека стариот кондом и неговиот состав не нудат доволна заштита. Поради тоа, стариот кондом треба да се отстрани. При секој сексуален контакт треба да се употребува нов кондом, бидејќи бројната употреба ги зголемува шансите за кинење, со што се уништува основната цел како препрека.

Тестирање[уреди | уреди извор]

Главна одредба: Тестирање за ППБ

Историја на терапија[уреди | уреди извор]

Постер на американска пропаганда поставена за војниците и морнарите во Втората светска војна укажувајќи на нивниот патриотизам и предупредувајќи ги да се заштитуваат. Текстот на долниот дел од постерот „не можеш да го достигнеш врвот ако имаш ВБ“. Слики од жени беа употребени за да привлечат внимание на многу постери за ВБ.

Постер од Шпанската граѓанска војна, создаден од Републиканска влада кој кажува „Избегнувајте венерични болести...опасни се како и куршумите на непријателот“.

Пред пронајдокот на модерни медицини, сексуално преносливи болести биле општо неизлечливи и терапијата за лекување на симптомите на болеста била ограничена. Првата волунтерна болница за венерични болести била формирана во 1746 година во лондонска Лок болница.[8] Терапијата не била секогаш волунтарна: во втората половина на 19 век, Актот за заразни болести се користел за апсење сомнителни проститутки.

Првата делотворна терапија за сексуално преносливи болести била salvarsan, терапија за сифилис. Со пронајдокот на антибиотици, голем број сексуално преносливи болести станале лесно излечливи, иако во комбинација со ефективни кампањи за јавно здравје против ППБ довело до јавно согледување помеѓу 1960 и 1970 година дека болестите претставуваат сериозна медицинкса закана.

Во овој период, важноста на трасирање на контакти во лекување на ППБ била призната. Со трасирање на сексуалните партнери на заразени лица, нивно тестирање за инфекции, лекување на заразените и во замена трасирање на нивните контакти, СПИ можат да бидат ефективни во поттиснување на инфекции кај општата популација.

Во 1980 година, првиот генитален херпес и потоа СИДА, се појавиле во јавната свесност како сексуално преносливи болести кои не може да се излечат со модерната медицина. СИДА има долг асимптоматски период – за чие време ХИВ (human immunodeficiency virus, кој предизвикува СИДА) може да се реплицира и болеста може да се пренесе на други лица – проследена со симптоматски период кој доколку не се лекува брзо води до смрт. Со признавање дека СИДА претставува закана за глобална пандемијасе создале јавни информациски кампањи и дошло до развој на терапии со чија помош СИДА може да се контролира преку потиснување на репликација на ХИВ колку што е можно подолго. Трасирање на контактите останува значајна мерка, дури и кога болестите се неизлечливи, бидејќи помага во задржување на инфекцијата.

Видови и нивни патогенетски причинители[уреди | уреди извор]

Поголем број од болестите на овој список најчесто се пренесуваат преку сексуален пат. Некои од нив се пренесени на други начини: на пример, ХИВ/СИДА најчесто се пренесува преку употреба на заразни игли меѓу лица кои користат дрога, додека САРС, кој може да се пренесе преку обичен контакт како кашлање или кивање, најчесто не е пренесува со сексуална активност.

Бактериски[уреди | уреди извор]

Габични[уреди | уреди извор]

Вирусни[уреди | уреди извор]

(Забелешка: Хепатит А и Хепатит Е се пренесуваат преку фекално-орален пат; Хепатит Ц (рак на црн дроб) ретко се пренесува преку сексуален пат[11], и патот на пренесување на Хепатит Д (само доколку постои зараза од Б) не е сигурен но, може да вклучува и заразување преку сексуален пат. [12] [13] [14])

Паразитски[уреди | уреди извор]

Протозоални[уреди | уреди извор]

Сексуално преносливи инфекции на црева[уреди | уреди извор]

Различни бактеријални (Шигелија, Кампилобактерија или Салмонела), вирусни (Хепатитс А, Аденовируси) или паразитски (Гијардија или amoeba) патогени се пренесуваат преку сексуални искуства кои поттикнуваат анално-орална зараза (фекалнo-орална). Споделување сексуални помагала без претходно миење или multiple partnered barebacking може да доведе до анално-анална зараза. И покрај тоа што бактеријалните патогени може да коегзистираат со или да предизвикуваат проктитис, најчесто создаваат симптоми (дијареа, треска, подуеност, гадење и абдоминална болка) кои насочуваат на болест more proximal во ГИ тракт.

Сексуално преносливи орални инфекции[уреди | уреди извор]

Општопознати настинки, инфлуенца, Staphylococcus aureus, Е.коли, аденовируси, Human papilomavirus, орални херпеси (1,2 и 4, 5, 8), Хепатит Б и габичната Candida albicans, сите можат да бидат пренесени преку орален пат.

Исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ^ [1]
  2. ^ [Virus Pathogenesis]
  3. ^ [2]
  4. ^ [3]
  5. ^ Mary-Ann Shafer, Anna-Barbara Moscicki (2006). Sexually Transmitted Infections, 2006.. pp. 1–8.
  6. ^ STD Statistics Worldwide
  7. ^ U.S. Medicine Information Central
  8. ^ Archives in London and the M25 area (AIM25) London Lock Hospital records
  9. ^ Cook H, Furuya E, Larson E, Vasquez G, Lowy F (2007). "Heterosexual transmission of community-associated methicillin-resistant Staphylococcus aureus". Clin Infect Dis 44 (3): 410–3. doi:10.1086/510681. PMID 17205449. http://www.journals.uchicago.edu/cgi-bin/resolve?CID40836.
  10. ^ Adenoviruses - Stanford University
  11. ^ Workowski K, Berman S (2006). "Sexually transmitted diseases treatment guidelines, 2006.". MMWR Recomm Rep 55 (RR-11): 1–94. PMID 16888612.
  12. ^ Wu J, Chen C, Sheen I, Lee S, Tzeng H, Choo K (1995). "Evidence of transmission of hepatitis D virus to spouses from sequence analysis of the viral genome.". Hepatology 22 (6): 1656–60. PMID 7489970.
  13. ^ Farci P. "Delta hepatitis: an update.". J Hepatol 39 Suppl 1: S212–9. PMID 14708706.
  14. ^ Shukla N, Poles M (2004). "Hepatitis B virus infection: co-infection with hepatitis C virus, hepatitis D virus, and human immunodeficiency virus.". Clin Liver Dis 8 (2): 445–60, viii. doi:10.1016/j.cld.2004.02.005. PMID 15481349.
  15. ^ "Cold sores 'an Alzheimer's risk'". BBC.

http://news.bbc.co.uk/2/hi/health/7770680.stm. Посетено на 2008-12-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори