Велшка катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Велшка катедрала
Wells Cathedral
Катедрална црква „Свети Андреја“
Западната страна на катедралата
51°12′37″ СГШ; 2°38′37″ ЗГД / 51.2104° СГШ; 2.6437° ЗГД / 51.2104; -2.6437Координати: 51°12′37″ СГШ; 2°38′37″ ЗГД / 51.2104° СГШ; 2.6437° ЗГД / 51.2104; -2.6437
МестоВелс, Сомерсет
ЗемјаАнглија
ВероисповедЦрква на Англија
Претходен вероисповедРимокатоличка црква
Порталwellscathedral.org.uk
Архитектура
Кучтурнонаследна категоријаСпоменик на културата од I категорија
Прогласена12 ноември 1953[1]
Стилраноанглиска готика
Изградбата траела1176–1490
Физички особености
Должина126,5 м[2]
Ширина20 м[2]
Ширина на трансептот47 м[2]
Кораб20,5 м[2]
Висина на хорот22 м[2]
Кули3
Висина на кулата55 м (прекрсток)[2]
Управа
ЕпархијаБатско-велшка (од ~ 909 г.)
МитрополијаКантербериска
Свештенство
Епископ(и)Питер Ханкок
ДеканЏон Кларк[3]
ПреценторНиколас Џепсон-Бидл[4]
Каноник-канцеларЕндру Федерстон Featherstone[5]
Каноник-благајникГрејам Додс[6]
АрхиѓаконНикола Саливан, Архиѓакон Велшки[7]
Мирјанство
Оргулист(и)Метју Овенс[8]

Велшка катедрала (англиски: Wells Cathedral), офиц. Катедрална црква „Свети Андреја“ (Cathedral Church of St. Andrew) — англиканска катедрала во градот Велс во Сомерсет, Англија.

Храмот е изграден во периодот од 1175 до 1490 година. Поголемиот дел од катедралата е изграден во готска архитектура. На неговата источна страна катедралата ги има задржано оригиналните стакла кои се од материјал кој е многу редок во земјата. Надворешноста е повторно изработена во готски стил со многу привлечна фасада и голем средишен шилец[9][10][11].

Најпрвата црква која била изградена на местото на денешната катедрала датира од 705 година. Според археолошките пак ископувања, на оваа место постоел мавзолеј кој датирал од доцноримскиот период.[12]

Денешниот облик, односно изградбата на денешната катедрала започнала во текот на 10 век, и во голема мера истата била довршена во 1239 година. Големата реконструкција започнала во времето на приорот Реџиналд де Бохун, во 1184 година. Во времето на Хенри VII, соборната зграда била целосно завршена, со изглед како што е денес. По распуштањето на манастирите во 1541 година, приходот на катедралата бил значително намален.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Historic England. „Cathedral Church of St Andrew, Chapter House and Cloisters (1382901)“. National Heritage List for England. конс. 5 January 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Dates and Dimensions“ (Word). Wells Cathedral. 
  3. „The Dean“. Wells Cathedral. конс. 11 July 2013. 
  4. „The Precentor“. Wells Cathedral. конс. 16 January 2014. 
  5. „The Chancellor“. Wells Cathedral. конс. 11 July 2013. 
  6. „Graham Dodds“. Sarum College. конс. 10 July 2013. 
  7. „Nicola Sullivan“. Wells Cathedral. конс. 10 July 2013. 
  8. „Matthew Owens“. Wells Cathedral. конс. 11 July 2013. 
  9. Clifton-Taylor, Alec (1967). The Cathedrals of England. Thames and Hudson. ISBN 0500180709. 
  10. Tatton-Brown, Tim; John Crook (2002). The English Cathedral. New Holland Publishers. ISBN 1-84330-120-2. 
  11. Lee, Lawrence; George Seddon, Francis Stephens, (1976). Stained Glass. Spring Books. ISBN 0-600-56281-6. 
  12. Adkins, Lesley; Roy Adkins (1992). A field guide to Somerset archeology. Wimborne: Dovecote Press. стр. 118–119. ISBN 0946159947.