Велушко-породинска култура
Велушко-породинска култура (или Велуша-Породин) — археолошка култура во Македонија од неолитско време. Настанала околу 5500 г. п.н.е. и се состои од 4 фази (Велуша-Породин I до IV). Името на културата доаѓа од две важни наоѓалишта — Велушката и Породинската Тумба, сместени во поречието на Црна Река.[1]
Реконструираната населба Тумба во скопско Маџари е направена врз основа на археолошките остатоци на тој терен, по урнек на културите Анзабегово-Вршник и Велуша-Породин.[2]
Живеалиштата од Велушко-породинската култура се четириаголни во основа. Ѕидовите се од керпич, а подот е покриен со глина. Од културата се пронајдени помал број орудија, изработени од коска, и сосем малку од камен. Погребните обреди се многу слабо проучени. Керамиката има претежно топчест облик со издолжено грло, обоена црвено и украсена со триаголни мотиви од бела боја. Од оваа култура се присутни и статуетки на Божицата мајка. Велушко-породинската култура е карактеристична по изработката на различни фигурки со издолжени вратови, понекогаш во седната положба.[1]
Фазата I се одликува со садови на ногаркии украси во облик на бројот „3“, кои се среќаваат и во фазата II. Работиве и круговите им се својствени на фазите III и IV. Фазата IV се одликува со глинени мотиви, залепени на ѕидовите. Ликовите на Божицата-мајка често се изработувале во фазата III.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Boardman, John (1982). The Cambridge ancient history: The prehistory of the Balkans; and the Middle East and the Aegean world, tenth to eighth centuries B.C., Tome 3, Partie 1. Cambridge University Press. стр. 89–90. no-break space character во
|pages=
во положба 3 (help) - ↑ „Археолошки локалитет Тумба Маџари“. Тумба Маџари. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 2020-12-24. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Здравковски, Драгиша (2006). „Култот на Големата Мајка во неолитот на Македонија“ (PDF). Folia archaeologica Balkanica. I: 55–61.