Величествените седуммина
„Величествените седуммина“ (англиски: The Magnificent Seven) — американски филм од 1960 година, во режија на Џон Старџес. Главните улоги ги граат: Јул Бринер, Стив Меквин, Џејмс Кобурн, Илај Волак, Хорст Бухолц, Бред Декстер, Роберт Вон, Чарлс Бронсон итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Бандата на безмилосниот Калвера (го игра Валах) редовно го ограбува едно мало село во Мексико. Не можејќи повеќе да ги трпат маките, селаните одат да побараат помош во САД. Тие успеваат да го убедат Крис (го игра Бринер), кој наоѓа уште шестмина револвераши кои од различни причини ја прифаќаат работата, иако понудената парична награда е ниска. Револверашите успеваат да ги организираат селаните, кои успешно го одбиваат нападот на бандата. Но, токму тогаш опаѓа борбениот морал кај селаните и тоа го искористуваат разбојниците кои успеваат да влезат во селото. Така, револверашите се принудени да го напуштат селото, иако Калвера им ги поштедува животите. Меѓутоа, тие не се луѓе кои лесно се откажуваат и решаваат да се вратат во селото, каде успеваат да ја избркаат бандата, иако притоа гинат неколкумина од нив. Потоа, Крис и Вин (го игра Меквин) го напуштаат селото, а младиот Чико (го игра Бухолц) останува, воден од љубовта кон една селска девојка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Филмови со Стив Меквин
- Филмови со Џејмс Кобурн
- Филмови со Чарлс Бронсон
- Филмови со Роберт Вон
- Филмови со Хорст Бухолц
- Филмови со Бред Декстер
- Филмови со Илај Волак
- Филмови со Јул Бринер
- Филмови на Џон Старџес
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1960 година
- Американски филмови
- Филмови чие дејствие се одвива во Мексико
- Филмови чие дејствие се одвива во САД
- Вестерни