Велимир Прелиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велимир Прелиќ
Роден 1884
Сеница, Србија
Починал 16 јануари 1928
Скопје

Велимир Прелиќ (српски: Велимир Прелић; Сеница, Србија, 1884Скопје, 16 јануари 1928) — српски полициски началник во Скопје за време на окупацијата на вардарскиот дел на Македонија од страна на Србија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Крвав атентат на Велимир Прелиќ, весник Политика од 14 јануари 1928

По негова наредба голем број противници на српската окупаторска и асимилаторска политика во тоа време како и голем број членови или осомничени за поврзаност со тогашното ВМРО биле убивани или жестоко измачувани со стегање на главите, тегнење на рацете, па дури и живи закопувани.

Прелиќ бил голем противник и на тогашното ВМРО раководено од Ванчо Михајлов, поради што оваа организација донела едногласна пресуда за ликвидација на Прелиќ како и некои други српски чиновници од скопскиот реон на тогаш од Србите окупирана и нарекувана Вардарска Бановина, т.е. Вардарска Македонија. Иако Прелиќ дознал за смртната пресуда донесена за него, сепак тој не ги сфатил сериозно тие закани. Но, на 13 јануари 1928 година во центарот на Скопје Велимир Прелиќ бил тешко ранет со неколку истрели од пиштол од страна на тетовчанката Мара Бунева која што ја извршила пресудата. По самиот чин, Мара Бунева се самоубила, а Прелиќ починал по три дена.