Велимир Жерновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Велимир Жерновски
Роден 1981
Занимање ликовен уметник

Велимир Жерновски (Скопје, 1981) — македонски ликовен уметник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Жерновски е роден во Скопје во 1981 година, каде што и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година. Работи цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Од 2008 година е соосновач и претседател на Ф.Р.И.К. (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велимир Жерновски изложува во Париз. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-08-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]