Велимир Брезовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

д-р Велимир Брезовски (19 октомври 1924, Галичник, Мавровско - 6 јануари 1983) бил истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја.[1][2]

Бил учесник во НОАВМ (1941) и член на КПМ (1944). Работел во Историското одделение на ЦК на СКМ (1954-1959) и меѓувремено дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (јуни 1955). По приклучувањето на Историското одделение на ЦК на КПМ кон Институтот за национална историја (1960– 1986), докторирал на наведениот факултет на темата „Ослободителната војна во Македонија 1943 година” (1965). Автор е на книги, зборници со документи, статии и прилози од научни собири за периодот меѓу двете светски војни и НОАВМ.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 „БРЕЗОВСКИ, Велимир“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-03-02.