Велика Парусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од 12. страна на Великата Прусија

Велика Парусија — македонски ракопис и препис од 1863 година. Ракописот претставува книга која содржи имиња на ктитори, дарители и други заслужни луѓе за изградба на црковен објект, главната манастирска црква „Св. Богородица“ на Кичевскиот манастир. Нивните имиња се споменуваат во литургии. Не е познато во кој период живееле овие луѓе бидејќи книгата е препис на постар ракопис. Остатоците од оваа книга се чуваат во архивот во Охрид.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Велика Парусија, 1863 година – Стар црковен ракопис од Света Богородица Пречиста“. September 17, 2012. Посетено на 2012-09-17.