Велењско Езеро
Велењското Езеро — најголемото од трите вештачки езера што ја сочинуваат групата Шалешки Eзера, создадени со слегнување поради интензивно ископување јаглен, кога старите рударски ровови се наполниле со вода од локалните потоци.
Географски карактеристики
[уреди | уреди извор]Езерото се наоѓа помеѓу Велење и Шоштањ, помеѓу Шкалското и Дружмирското Езеро, на надморска височина од 366 метри.[1]
Езерото е со површина од 1,4 км², долго 1,4 км, широко 1,3 км, длабоко 54 метри и има волумен од 30,5 милиони м³ вода.[1]
Тоа е едно од најголемите езера во Словенија според својата големина и количина на волумен. Со длабочина од 54 метри, е 31 метар подлабоко од Бледското Езеро и 45 метри подлабоко од Бохињското Езеро. Според површина е еднакво на Бледското Езеро, но има 2 милиони м³ повеќе вода. Неговиот езерски слив има волумен од 20 км² и има население од приближно 1.500 жители.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Шалешка језера“ (словеначком). Општина Велење. Архивирано од изворникот на 07. 09. 2014. Посетено на 7. 9. 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Велењско Езеро“ на Ризницата ? |
- Езера - Општина Велење Архивирано на 9 септември 2014 г.