Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“
| Именувана по | Рајко Жинзифов |
|---|---|
| Основана | 10 април 1899 |
| Укината | Непознато |
| Вид | Благотворително братство |
| Правен статус | Укинат |
| Цел | Борба за правата на македонското малцинство во Бугарија |
| Седиште | Софија, Бугарија |
| Службени јазици | Македонски јазик и бугарски јазик |
| Клучни лица | Иван Поп Јорданов, Јордан Шурков, Алексо Мартулков, Христо Калајџиев |
Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“ — родољубива и благотворителна општествена организација создадена од македонските емигранти во Бугарија, доселени од Велес и велешкиот реон. Во чест на македонскиот преродбеник и писател со влашко потекло Рајко Жинзифов, организацијата го носело неговото име. Главното седиште било во Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Организацијата била формирана на 10 април 1899 година, според бугарскиот историчар Добрин Минчев.[1] Покрај тоа нејзиниот прв устав бил воведен на 2 јуни 1902 година и допонително изменет на 13 декември 1931 година. Патронатот на организацијата била одржана на 17 февруари или првиот неделен ден на март — роденденот на Рајко Жинзифов.[2]
Велешкиот делегат на Уставотворната средба на македонските братства од 28 ноември 1918 година до 1 јануари 1919 година бил Александар Мартулков,[3] според некои бугарски дела, братството го одбрало Јордан Шурков.[4] Во јануари 1923 година делегати од велешкото братство за обединувачкиот конгрес на СМЕО и МФРО биле Славејко Матов, Стојан Симеонов и Трајче Новоселец.[5]
Во годишниот собир на братството на 21 декември 1924 година, Иван Поп Јорданов, братучед на Миле Поп Јорданов, бил назначен за претседател, Тодор Хаџи Стојнов за потпретседател, Александар Јорданов и Никола Пешев за секретари и Борис Јорданов, Христо Чочков, Димитар Атанасов Анатков како членови на советот. Во контролната комисија членови биле Јанко Весов, Љубомир Драндаров и Милан Бојаџиев.[6] На 10 јануари 1926 година, бил организиран нов состав за организацијата, Илија Раштанов за претседател, Јордан Китев за потпретседател, Д. Ат. Ризов за секретар, Н. Пешов за благајник и Тр. Новоселец, Љуб. Драндаров и Ал. Иванов за советници.[7]
Во 1936 година во управителното тело на братството влегле Јордан Панчев, Михаил Шурков, Тодор Јорданов, Георги Поп Димитров Ѓорчев од Солун, Димитар Атанасов Ризов, Тодор Петров Богданов, Кирил Христов Соколов и Димитар Трајчев Кантарџиев. Во 3 мај 1938 година бил образован нов состав, Иван Петров Јорданов за претседател, Димитар Атанасов Ризов за потпретседател, Михаил Шурков, роднина на Јордан Шурков и Андон Шурков за секретар и Георги Димитров Поп Ѓорчев за благајник додека Никола Неделков Крстев, Тодор Лазов Хаџи Стојанов и Иван Панов Кушев биле советници. Во контролната комисија влегле Тодор Петров Богданов како претседател, Кирил Христов Соколов и Илија Андреев Топчев за членови.[8]
За време на бугарската фашистичка окупација, велешкото благотворително братство било обновено и преместено во Скопје како дел од бугарската пропаганда. Во новата организација, Иван Поп Јорданов бил назначен за претседател.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Минчев, Добрин (1994). Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, 1878-1944. БАН. стр. 148.
- ↑ Райчевски, Стоян (2016). Бежанците от Македония и техните братства в България. София: Издателство „Захарий Стоянов“. стр. 548.
- ↑ Мартулков, Александар (1954). . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја.
Врховистите, како што реков, трескаво работеа да ги обноват македонските братства и друштва. И многу од нив беа обновени и почнаа да функционираат. Врховистите се готвеа веќе да свикаат „учредителен“ (основувачки) конгрес. Им беше дадена наредба на братствата и друштвата да извршат избор на делегати за конгресот. При изборите на делегати, во братствата се разгоре борба меѓу левицата и десницата. Иако Временото претставителство не земеше едно пакосно становиште: да ги бојкотира братствата и конгресот, не учествувајќи во нив, сигурно е — тоа го тврдам — дека во негови раце ќе беше раководството на братствата, зашто неговото влијание сред емиграцијата беше големо. Во Велешкото братство и јас бев избран за делегат, иако во братството имаше влијателни врховисти како проф. Иван Ѓоргов, генерал Танев, д-р Кушев и др. Левицата се наложи. За делегати се избраа наши луѓе.
- ↑ Палешутски, Костадин (1993). Македонското освободително движение след Първата световна война (1918 – 1924) (PDF). София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 65. ISBN 954-430-230-1.
- ↑ НБКМ-БИА C VIII 38
- ↑ „Хроника“. „Независима Македония“. София: СМЕО. II (92): 3. 1925.
- ↑ „Хроника“. „Независима Македония“. София: СМЕО. IV (146): 3. 1926.
- ↑ Райчевски, Стоян (2016). Бежанците от Македония и техните братства в България. София: Издателство „Захарий Стоянов“. стр. 548–549.
- ↑ ЦДА, ф.1960к, оп.1, а.е.32, л.2