Велека

Координати: 42°2′5″N 27°41′44″E / 42.03472° СГШ; 27.69556° ИГД / 42.03472; 27.69556
Од Википедија — слободната енциклопедија

42°2′5″N 27°41′44″E / 42.03472° СГШ; 27.69556° ИГД / 42.03472; 27.69556

Велека
реката Велека
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоСтранџа, Турција
 • надм. вис.710 м (2,330 ст)
Устие 
 • место
Црно Море, Бугарија
Должина147 kм (482,000 ст)
Големина на сливот995 km2 (384 ми)
Особености на сливот

Велека — река која се протега од северозападниот дел од Турција до југоисточна Бугарија. Велека е долга 147 километри, од кои 123 се во Бугарија, а 24 во Турција. Извира од карстните предели во турскиот дел на Странџа, а се влева во Црното Море близу селото Синеморец. Велека минува низ националниот парк „Странџа“.[1]

Ширината на реката во близина на устието е од 8 до 10 метри, а длабочина се движи од 2 до 4 метри. Во устието, Велека е широка 50 метри и длабока 7 до 8 метри, се потопуваат кратко време пред да се влее во морето. Водите на Велека се богати со флора и фауна, со повеќе од 30 видови слатководни риби, од кои најзастапен е кленот. Пет загрозени животински видови живеат во реката, како и важни регионални растенија.[2]

Сливот и притоките[уреди | уреди извор]

Песочиште на утоката на реката Велека
Долниот тек на Велека
Менадри на Велека во паркот на природата Странџа

Површината на сливот на реката е 955 км2[3], а границите се следни:

  • На северозапад и север по должина на гребенот Босна, со сливовите на реките Факијска, Изворска, Ропотамо, Ѓаолска и Китенска.
  • На југозапад, реката се протега до планината Странџа и тука создава помала граница со сливот на реката Марица.
  • На југу, Велека се протеже све до слива реке Резовске.

Притоки: → Лева притока ← десна притока

  • ← Долај (во Турција)
  • → Бостанк (во Турција)
  • ← Врлидол
  • ← Катун
  • → Врлидол
  • → Младежка река
  • → Дулбок дол
  • ← Ајдера
  • → Стрмница
  • ← Грахиловски дол
  • ← Качулски дол
  • → Делижанов дол
  • ← Стоманенски дол
  • → Јаменски дол
  • → Ѓаволски дол
  • → Трашка река
  • ← Јазменски дол
  • → Шејтадол
  • → Селскији дол
  • → Керезоват дол
  • ← Богородички дол
  • → Зипков дол
  • → Еленица
  • ← Ликурашки дол
  • ← Колибарски дол
  • ← Мукио
  • ← Селмата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mouth of Veleka River Protected Area Green Corridors.burgas.bg
  2. Abundance and biomass of fishes in the Veleka River, Bulgaria Research Gate
  3. Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София (1978). стр. 620.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]