Аоре

Координати: 15°34′20″S 167°11′51″E / 15.57222° ЈГШ; 167.19750° ИГД / -15.57222; 167.19750
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Векеса)
Аоре
Aore
остров
Поглед кон Аоре.
Поглед кон Аоре.
Држава Вануату
ПокраинаСанма
Површина
 • Вкупна57,6 км2 (222 ми2)
Најг. вис.&10000000000000122000000122 м
Население (2009)
 • Вкупно556
 • Густина0,97/км2 (2,5/ми2)
Часовен појасVUT (UTC+11)

Аоре (бислама: Aore) е остров во покраината Санма во островската држава Вануату.[1] Островот се наоѓа спроти Луганвил, помеѓу островите Еспириту Санто и Мало. Источно од островот се островите Бокиса и Тутуба. Доминантен јазик на островот е аорејскиот јазик.

Географија[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на островот е 58 км2. Просечната надморска висина на островот е 89 метри.[2][3][4] Островот има тропска клима со просечни годишни врнежи од 3000 мм. На островот често има циклони.

На западниот брег има два залива, Аимбуеј и Порт Бениер. Од Санто е одделен со каналот Сегонд. Покрај јужниот брег на Аоре се наоѓаат малите островчиња: Ратуа со уште две мали островчиња (Малевату) и карпи и островчето Векеса или Пурумамаса.

Туризам[уреди | уреди извор]

Главни туристички активности на островот се риболов и нуркање. На Аоре има бројни ресорти кои се наменети за туристи, но и за свечени церемонии како свадби и крштевки. Во близина на брегот има и потонати бродови кои се примамливи за нуркачите. Туризмот и плантажите се главни стопански гранки на островот.

Религија[уреди | уреди извор]

На Аоре е активна адвентистичка црква. На островот има и Адвентистичка академија, која има и образовни цели.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Vanuatu“. Haos Blong Volkeno. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 8 August 2018.
  2. „Aore, Vanuatu“. Elevation Map. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 8 August 2018.
  3. „Surrounding Islands“. Espiritu Santo Tourism. Архивирано од изворникот на 2020-03-21. Посетено на 17 August 2018.
  4. „UNEP Islands Directory“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 2020-04-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]