Везичево

Од Википедија — слободната енциклопедија

Везичево претставува село сместено во општина Петровац на Млави во Србија .[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Компактна селска населба, на страните на потокот Клисура и на падините на ридовите Парлози и Јоргован, 21 километри јужно од Петровац на Млави. Површината на атарата е 1.604 хектари. Во околината се наоѓа изворот Трмчиште, од кој извира истоимениот поток, притока на Клисура, а во самото село има три извори: Бојага, Кладенац (се смета за лековит) и Чешма.

Според легендата, географското име на селото потекнува од црквата Везиље. Обединува неколку „маaлa“ со презимиња (Ериќска, Шарунска, Швапска, Ѓуровска, Грујовска, Мутавииќска, Бабиќ, Јовчиќ, Станкиќ, Васојевиќ, Подиќ итн.).

Записи во Везичево[уреди | уреди извор]

Даб, 150 метри од лева страна на патот Бусур-Везичево, околу 500 м од границата со Бусур.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Institut national d'études démographique (INED)“. Архивирано од изворникот на 2014-07-02. Посетено на 2016-06-26.

44°14′22″N 21°25′56″E / 44.23944° СГШ; 21.43222° ИГД / 44.23944; 21.43222