Везилка (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Везилка“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески, објавена во 1955 година, како дел од истоимената стихозбирка (издание на „Кочо Рацин“).

Осврт врз песната[уреди | уреди извор]

Во разговорот со поетот Тодор Чаловски, Конески го објаснил значењето на прочуениот стих од „Везилка“ на следниов начин: „Тој израз проста и строга македонска песна го обврзува авторот и во смисла на откривање на можностите за комуникација со публиката. Тој, меѓу другото, содржи вакво значење: песната треба да биде доведена до проѕирен израз, и да кажува нешто многу сериозно. А јас мислам дека публиката токму таквите поетски текстови ги прифаќа. Оние што носат некоја важна порака и оние во кои таа порака нашла свој проѕирен, јасен израз.“[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иван Џепароски, „Предговор: Зборот и опитот кај Конески“, во: Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 8.