Везилка (второ издание)
„Везилка“ — поетска збирка на Блаже Конески, објавена во 1961 година од издавачката куќа Култура. Во неа се присоединети песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. По повод 100-годишнината од раѓањето Конески, збирката била повторно објавена во 2021 година од издавачката куќа Арс Ламина-публикации.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи вкупно 52 песни од двете збирки на Конески — „Везилка“ и „Стерна“.
Везилка
[уреди | уреди извор]Збирката „Везилка“ опфаќа 37 песни:[2] „Песните“, „Везилка“, „Григор Прличев“, „Снег“, „Ѕвезди“, Без наслов (Девојче пееше на клисорот...), „Ружа“, „Заспивање“, „Виј“, „Галеб“, „Нежност“, „Разделба“, „Игранка“, „Кошмар“, „Песна“, „Тишина“, „Пролет“, „Тајна“, „Врв“, „Смеа“, „Жртва“, „Кафез“, „Река“, „Здравица“, „Од возот“, „Старата“, „Починка“, „Утро“, „Даб“, „Стебло“, „Ластовици“, „Пчелар“, „Јаглен“, „Штип“, „Дете заспано крај езеро“, „Пеперуга“ и „Јоргован“.
Стерна
[уреди | уреди извор]Во збирката „Стерна“ се содржани 15 песни:[3] „Стерна“, „Одземање на силата“, „Болен Дојчин“, „Пепелашка“, „Љубов“, „Волк“, „Вљубени девојки“, „Реки“, „Тореадор“, „Урнатина“, „Проштавање од Париз“, „Девственици“, „Колумбо“, „Водно“ и „Беласица“.