Вевчанско Eзеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вевчанско Езеро
Вевчанска Локва на Јабланица-MK 16.JPG
Координати: 41° 14' 23 СГШ, 22°32'17 ИГД
Површина: 2.810 м2
Должина: 126 м
Ширина: 64 м

Обем:

626 м
Длабочина: 3,95 м
Надморска висина: над 1.993 м
Планина: Јабланица

Вевчанското Езеро (Вевчанска Локва) или кај народот познато и како Мртво Езеро е мало и второ по големина ледничко езеро на падините на Јабланица над селото Вевчани.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на езерото од врвот Црн Камен, во позадината се здогледува и Охридското Езеро

Вевчанското езеро, кое од населението се нарекува Локва се наоѓа на запад од селото Вевчани, на источната планинска страна на Јабланица во изворишниот дел на Вевчанска Река и во непосредна близина на македонско-албанската граница[1]. Сместено е во цирк, односно долот и пределот наречена Голина кој се наоѓа веднаш во источен правец во подножјето под највисокиот јабланички врв Црн Камен висок 2558 метри. Езерото се наоѓа на апсолутна надморска височина од 1993 метри, при максимално ниво на езерската вода[1]. До езерото може да се пристапи по добро обележана планинарска патека од селото Горна Белица преку врвот Црн Камен или директно кон местноста Криви Вирови, до каде има и пробиен макадамски шумски-пат за лесни теренски возила од кој по 30-40 минути пешки се стигнува до езерото.

Општи одлики на езерото[уреди | уреди извор]

Езерото има вкупна површина од 2.810 м², должината во правец исток-запад од 126 м, а ширината во север-југ изнесува 64 м, длабоко е 3,95 м. Сепак поради местоположбата во планината и хидрографските одлики езерото забележува промени во однос на овие параметри. Иако тоа е постојано езеро, сепак неговата површина не е постојана, туку таа се менува во текот на годината во зависност од осцилациите што ги прави нивото на езерската вода[1]. Така при апсолутно максимално ниво наезерската вода површината на Вевчанското Езеро има површина која изнесува 27.807,3 м², при максимално ниво е 21.009 м², при средно тоа зафаќа 15.838 м², а при ниско ниво површината изнесува 7.697 м²[1]. Најголемата должина е измерена во правец југозапад-североисток, која при апсолутно маљксимално ниво изнесува 243 м, при максимално е 228 м, при средно е 191 м, а при минимално ниво таа значително се намалува при што се измерени 151 метар.

Вевчанското Езеро нема блатна вегетација и затоа се нарекува „мртво езеро“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • 1,0 1,1 1,2 1,3 Василески, Драган (2008) (на македонски). Планински езера на Јабланица: Вевчански езера. „Напредок“ - Тетово. стр. 15, 21, 26-28.