Прејди на содржината

Вања Дркушиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вања Дркушиќ
Лични податоци
Роден на 30 октомври 1999(1999-10-30) (27 г.)
Роден во Ново Место, Словенија[1]
Држава Словенија Словенија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Еспањол Еспањол
Број 16
Младинска кариера
Крка Крка
Кршко Кршко
Херенфен Херенфен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2019 Херенфен Херенфен 0 (0)
2019-2020 Ренде Ренде 0 (0)
2020-2022 Браво Браво 69 (4)
2022-2024 Сочи Сочи 60 (3)
2024- Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 36 (0)
2024-2025 →Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 9 (1)
2026- →Еспањол Еспањол 4 (0)
Репрезентација
2015-2016 Словенија Словенија 17 17 (0)
2017 Словенија Словенија 18 3 (0)
2017 Словенија Словенија 19 5 (1)
2019 Словенија Белгија 21 1 (0)
2023- Словенија Словенија 33 (1)

Вања Дркушиќ (роден на 30 октомври 1999 година, во Ново Место) — словенечки фудбалер, играч од одбраната на Еспањол, на заем од Зенит Санкт Петербург, и на словенечката репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во екипите на Крка и Кршко во својата родна Словенија, пред во декември 2015 година да му се приклучи на холандскиот Херенфен, иако имал понуди и од Марибор, Динамо Загреб и Аталанта. Сепак, и покрај тоа што ги минал младинските селекции и стигнал до првиот тим на Херенфен, во август 2019 година, тој го напуштил клубот без да направи ниту еден настап за него, и потпишал за италијанскиот третолигаш Ренде.[2] Пред втората половина на сезоната 2019–2020, Дркушиќ се вратил во Словенија каде потпишал за екипата на Браво. На 23 февруари 2020 година, тој дебитирал за Браво во победата од 2–1 против Табор Сежана.[3] На 11 јули 2020 година, Дркушиќ го постигнал својот прв гол за Браво за време на ремито 1–1 со Домжале.[3]

На 24 јануари 2022 година, потпишал за членот на Руската Премиер лига, Сочи, за трансфер сума од 100.000 евра.[4][5] Дебитирал со клубот во руското првенство, во победата со 1-0 на гости над Ростов на 7 март 2022. На 27 август 2022 година, тој го продолжил договорот со Сочи до 2025 година.[6] Својот прв гол за клубот го постигнал на 1 април 2023, во победата со 2-0 на гостувањето кај Динамо Москва. Пред почетокот на сезоната 2023-2024, Дркушиќ бил назначен за капитен на Сочи по заминувањето од клубот на Сослан Џанаев.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Дркушиќ играл за младинските репрезентации на Словенија под 17, под 18, под 19 и под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 26 март 2023 година, во победата со 0-2 против Сан Марино, влегувајќи како замена за повредениот Јака Бијол во 36-тата минута.[7]

Во јуни 2024 година, бил повикан во составот на Словенија од селекторот Матјаж Кек за Европското првенство 2024 во Германија. Таму ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза, која словенците ја минале со три нерешени резултати. Дркушиќ играл и во осминафиналето против Португалија во кое Словенија загубила по изведување пенали.[8]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Словенија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
26-3-2023ЉубљанаСловенија Словенија2 – 0Сан Марино Сан МариноКвал. за ЕП 2024-влегол во игра 36'
10-9-2023СеравалеСан Марино Сан Марино0 – 4Словенија СловенијаКвал. за ЕП 2024-влегол во игра 13'
17-11-2023КопенхагенДанска Данска2 – 1Словенија СловенијаКвал. за ЕП 2024-влегол во игра 62'
20-11-2023ЉубљанаСловенија Словенија2 – 1Казахстан КазахстанКвал. за ЕП 2024-влегол во игра 87'
21-3-2024Та КалиМалта Малта2 – 2Словенија СловенијаПријателска-заменет 82'
26-3-2024ЉубљанаСловенија Словенија2 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-влегол во игра 87'
4-6-2024ЉубљанаСловенија Словенија2 – 1Ерменија ЕрменијаПријателска-заменет 79'
15-6-2024ШтутгартСловенија Словенија1 – 1Данска ДанскаЕвро 2024 - Прва фаза-
20-6-2024МинхенСловенија Словенија1 – 1Србија СрбијаЕвро 2024 - Прва фаза-
25-6-2024КелнАнглија Англија0 – 0Словенија СловенијаЕвро 2024 - Прва фаза-
1-7-2024Франкфурт на МајнаПортугалија Португалија0 – 0 прод.
(3 – 0 пен.)
Словенија СловенијаЕвро 2024 - Осминафинале-добил жолт картон во 32-рата минута 32'
Вкупно Настапи 11 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 2 јули 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-јан. 2020Италија РендеЦ00КИ+КИ-Ц0+10----10
јан.-јун. 2020Словенија Браво1.СНЛ151КС------151
2020-20211.СНЛ351КС10----361
2021-јан. 20221.СНЛ192КС20----212
Вкупно Браво69430----724
јан.-јун. 2022Русија СочиПЛ110КР00ЛК----110
2022-2023ПЛ261КР51-----312
2023-2024ПЛ232КР10-----242
Вкупно Сочи60361----664
Вкупно во кариерата1297101----1398
  1. ↑ „Drkušić, Vanja Drkušić – Footballer“. bdfutbol.com. Посетено на 24 January 2022.
  2. ↑ „Heerenveen en Sloveen (19) gaan na drie jaar en zeven reservebeurten uit elkaar“. voetbalprimeur.nl (холандски). 31 August 2019. Посетено на 24 January 2022.
  3. 1 2 „Slovenia – V. Drkušić – Profile with news, career statistics and history“. Soccerway. Посетено на 5 June 2024.
  4. ↑ „URADNO: Vanja Drkušić je pred leti naletel na zid na Nizozemskem, zdaj pa si je odprl pot v Rusijo“ (словенечки). Nogomania. 24 January 2022. Посетено на 24 January 2022.
  5. ↑ „Ваня Дркушич стал игроком "Сочи"“ (руски). PFC Sochi. 24 January 2022. Архивирано од изворникот на 24 January 2022. Посетено на 24 January 2022.
  6. ↑ „Ваня Дркушич продлил контракт с "Сочи"“ [Vanja Drkušić extended contract with Sochi] (руски). PFC Sochi. 27 August 2022. Посетено на 18 March 2023.
  7. ↑ „Slovenci po Kazahstanu premagali še San Marino“ (словенечки). Посетено на 2023-03-27.
  8. ↑ „ВИДЕО: Кошта ја прочита Словенија, Португалија по пенали во четвртфинале!“. gol.mk. 1 јули 2024. Посетено на 2 јули 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]