Прејди на содржината

Ватрени пољубац

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Ватрени пољубац
Ватрени пољубац настап на фестивал на пивоБелград во 2022
Животописни податоци
ПотеклоСараево, СР Босна и Херцеговина, СФР Југославија (1977–1986)
Белград, [Србија]] (1998–сега)
Членови
Милиќ Вукашиновиќ
Срѓан Ѓукиќ
Владимир Ќопиќ
Поранешни членови
Шефќет Хоџа
Перица Стојановиќ
Санин Кариќ
Неџиб Јелач
Велибор Рајчиќ
Младен Војичиќ
Марко Николиќ
Душан Обрадовиќ
Милош Николиќ

Ватрени пољубац е босанско-херцеговски и југословенски хард рок / хеви метал бенд, формиран во 1977 година. Групата е основана од композиторот, текстописец, пејач и гитарист Милиќ Вукашиновиќ. Бендот се смета за регионален пионер на хеви метал жанрот и еден од најважните рок бендови на сараевската и поранешната југословенска поп-рок сцена. За речиси четириесет години постоење, бендот имал издадено 9 студиски албуми, а од последното обединување во 2011 година е издаден албумот Кога свири рокенрол (српски: Кад свира рокенрол), два сингла и неколку компилации на албуми.

Историја

[уреди | уреди извор]

Бендот Ватрени пољубац, во 1977 година, Милиќ Вукашиновиќ, поранешен член на Кодекси, Индекси и Бијело дугме, го основал во Сараево. Другите двајца членови на оригиналната постава биле Шефќет Хоџа, басист поранешен член на Дивље јагоде и Перица Стојановиќ, тапанар поранешен член на Индекси. Нивниот прв сингл бил издаден од издавачката куќа Југотон во 1978 година со песните „Доктор за рокенрол“ и „Твоите усни ми беа омилен подарок“. Првиот сингл веднаш бил пофален од критичарите. Првиот албум наречен кој бил наречен „Ох, колку те сакам ох“ бил снимен во 1978 година. во Лондон и Сараево за сараевскиот диск, а продуцент бил Ричард Вали. Албумот имал голем број на песни инспирирани од пионерскиот звук што во тоа време, доаѓал од Англија отелотворени од Лед зепелин и Блек сабат.

Ватрени пољубац во својот оригинален состав го снимил и својот последен студиски албум „100% рокенрол“ во 1986 година со поранешниот член на Бијело Дугме Младен Војичиќ Тифа, еден од најпопуларните пејачи во Југославија во тоа време. Сите песни во албумот се напишани и компонирани од Милиќ Вукашиновиќ. Албумот добил одлични критики и останал многу популарен низ целата земја, по што Вукашиновиќ го распуштил бендот и се посветил на својата соло кариера како фолк-рок пејач.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • Ох, колку те сакам ох (1978)
  • Рецепт за рокенрол (1979)
  • Тоа е вистинското (1980)
  • Без влакна на јазикот (1980)
  • Да живее рокенролот (1982)
  • Од инает (1985)
  • 100% рокенрол (1986)
  • Сè ќе помине еднаш само рокенролот нема никогаш (1999)
  • Кога свири рокенрол (2011)

Синглови

[уреди | уреди извор]
  • Доктор за рокенрол / Твоите усни беа мојот омилен подарок (1978)
  • На врат, на нос и на својата рака / Од желбата да те бакнам, ќе полудам (1979)

Компилации

[уреди | уреди извор]
  • Големи хитови (1983, ZKP RTVL)
  • Доктор за рокенрол (1997, Нимфа Звук)
  • 100% рокенрол (1997, нимфа звук)
  • Најголеми хитови (2000, Горатон)

Фестивали

[уреди | уреди извор]
  • 1980 година Вашиот хит на сезоната, Сараево - Нека знае цел свет
  • 1980 година Опатија - Таа е толку добра жена (рок вечер)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]