Ватиски мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ватиски мост
Γεφύρι της Βαθιάς
Поглед на мостот
Координати40°10′28″N 21°13′41″E / 40.17444° СГШ; 21.22806° ИГД / 40.17444; 21.22806Координати: 40°10′28″N 21°13′41″E / 40.17444° СГШ; 21.22806° ИГД / 40.17444; 21.22806
ПреминуваВатија
МестоМирали, Населичко, Егејска Македонија
Особености
Материјалкамен
Вкуп. должина18,6 м
Ширина2,5 м
Висина6 (5,3 + 0,7) м
Најдолг распон10 м
Распони1
Местоположба
Карта

Ватиски мост (грчки: Γεφύρι της Βαθιάς) — стар камен мост кај селото Мирали, Населичко, Егејска Македонија.

Мостот ја преминува малата река Ватија, притока на Праморица. Се наоѓа на еден километар од населичкото село Мирали, по патот за Бурша. Изграден е во јули 1795 г. според натписот кој е преместен на новиот мост изграден до него. Има еден лак, а порано имал камен парапет, од кој денес се зачувани само остатоци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Γεφύρι Της Βαθιάς“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 2 ноември 2019.