Вата

Вата (германски: die Watte)[1][2] — воздушест материјал направен од природни или вештачки влакна, се користи за медицински и козметички цели.
Измислен е во раните 1970-ти и се јавува во различни облици и квалитет. Се изработува како од природни, така и од вештачки материјали. Самата вата е посебен материјал, прецизно опишан како лабава мрежа од меѓусебно поврзани влакна и филаменти. Малата густина на овој материјал, односно неговата голема зафатнина во однос на неговата маса, доаѓа од неговата таканаречена впивачка структура, структура како онаа на сунѓер.[3]
Составот на материјалот од кој се направени овие козметички и медицински додатоци обично вклучува целулозни влакна, памук, вискоза или вештачки влакна како што е полиестерот. Покрај хемиската анализа, составот на ватата може да се утврди со горење. Ако чадот што се создава има исклучително непријатен мирис, таа е направен од вештачки материјал. Спротивно на тоа, чадот што се создава со согорување на памук е помалку непријатен.
Во медицината, ватата се користи за да се спречи крвавење од мали убоди предизвикани од инјекции, и оваа вата мора да се прицврсти рачно или со медицинска лента. Тие можат да се користат за чистење на рани ако се натопени во вода, алкохол, водород пероксид или други средства за дезинфекција, а можат да се користат и за заштита на ушниот канал. Конечно, посебен вид вата се користи за собирање плунка за анализа, додека парчиња вата се ставаат во празни шишиња со лекови за да се собере влага што може негативно да влијае на ефикасноста на лековите.
Исто така, ватата има широк спектар на употреба во областа на козметиката. Корисникот ја натопува во течности за отстранување на мозолчиња, црнки и други несовршености, а потоа го трие по лицето. На ист начин, ватата се користи за отстранување на шминка од лицето, бидејќи во спротивно може да се појават разни оштетувања на кожата поради затнување на порите со шминка.[4] Тампоните од вата се меки и може да се користат и за чистење на бебиња и доенчиња. Може да се постават меѓу прстите при лакирање на ноктите или да се потопат во млеко и да се втрие на очните капаци за да се намали евентуалното отекување на очите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „вата“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „вата“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ What is cotton wool Пристапено на 6 декември 2016
- ↑ http://www.dailymail.co.uk/femail/article-2380419/What-sleeping-make-does-skin-Our-shocking-experiment-exposes-happens.html Пристапено на 6 декември 2016