Прејди на содржината

Васко Ѓоргиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васко Ѓоргиев
Роден(а)Гевгелија, СР Македонија на 13 Јануари 1983
ПотеклоМакедонија Македонија
ЖанровиЛиковна уметност
Занимањаскулптор, сликар, иконограф

Васко Ѓоргиев - скулптор, сликар, иконограф роден во Гевгелија на 13 Јануари 1983

Животопис

[уреди | уреди извор]

Васко Ѓоргиев завршил Академија Лигустика ди Беле Арти, Џенова, Италија во класата на професорот Масимо Ќјапето.

Во 2004 завршил курс по цртеж и сликарство во ДСУ „Џовани Плана“ и АУСЕР, Вогера, Италија. Во 2001 завршил ДСУ „Лазар Личеноски“, Скопје, Р.С. Македонија -фигуративен техничар за применето вајарство, во класата на професорот Ангел Нацевски. [1] Ангажиран е како уметнички соработник при Бигорскиот манастирски комплекс „Св. Јован Крстител“ , РостушеМаврово како и одговорен за уметничкиот дел при манифестацијата „Денови на Смилевскиот конгрес“ – с. Смилево од 2024 година а од 2023 е претседател на Друштвото на ликовни уметници - Битола (ДЛУБ).[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • 2024/25 - Циклус сакрални сцени (заеднички проект со Дејан Макарјовски) во „Св. Петка“, с. Ношпал, Битола[3]
  • 2021/23 - Циклус сакрални сцени (соработник) во „Рождество на Пресвета Богородица“, с.Ростуше, Маврово
  • 2023 - Курс по иконографија за основно училиште (инструктор), Савона, Италија
  • 2021 - Циклус сакрални сцени (соработник), „Св. Петка“, с.Породин, Битола
  • 2018/22 - Циклус сакрални сцени, преродбенски стил (ѕидно сликарство, дел во соработка со зограф Николче Српчански), „Св. Климент Охридски“, с.Климештани, Охрид
  • 2015/16 - „Гемиџии“ - јавна скулптура. (соработник), ЈП Водовод, Скопје,
  • 2010 - Скулптури и сценографии за театарска претстава „Момчето од последната клупа“, Театар Дусе, Џенова, Италија.
  • 2005 - Сценографии и слики за „Скриени Богатсва на Тортонската култура“, Арена Полвере ди Стеле - кино „Стардаст“, Тортона, Италија
  • 2012 - соработник и активен учесник во возобнувањето на Бигорскиот манастирски комплекс
  • 2012 - „Св, Јован Крстител“ - Ростуше; Источен Палат - параклис на св, Никола (ѕидно сликарство, капители); Горни Палат - Голем синодикон (ѕидно сликарство); Куќа на Мијаците (ѕидно сликарство).
  • 2012 - „Св. Георгиј Победоносец“, Рајчица - соработник во идејните решенија при изведба на проекти од областа на уметноста и архитектурата
  • 2012 - СПО „ Благовештение на Пресвета Богородица“, Кичево - параклис на „Св, Пречистански Преподобномаченици- Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј“(ѕидно сликарство)
  • 2023 - Курс по иконографија за основно училиште (инструктор), Савона, Италија
  • 2023 - Идејно решение и дизајн за плакат и каталог на БИТФЕСТ како и дизајн за лого на „Аситеж“ – македонски национален центар, Битола

Групни изложби

[уреди | уреди извор]
  • 2024 - „ Јубилејна изложба на ДЛУБ (по повод 50 години од неговото основање)“ - Кристална сала, КИЦ- Офицерски дом, Битола;(скулптура).
  • 2024 - „АртВар 2“ (заедничка изложба на ДЛУБ со здружението на традиционални игри „Лигистетс“ и одделот за применета уметност при Универзитетот на З. Македонија од Лерин, Р. Грција) – НУ Музеј и завод Битола; (сликарство)
  • 2023 - „ 49-та годишна изложба на ДЛУБ“ - Кристална сала, КИЦ- Офицерски дом, Битола; (сликарство)
  • 2023 - ,, Со уметност до свесност за поинаквоста “ - хуманитарен настан со Здружение на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни ,,Рилука” - Магаза, Битола; (сликарство).
  • 2023 - „Изложба по повод интернационалниот ден на жената“ - Кристална сала, КИЦ - Офицерски Дом, Битола; (сликарство).
  • 2022 - „Ноемвриска изложба“ - НУ Музеј и завод Битола; (скулптура)
  • 2022 - „Годишна изложба“ - Магаза; (скулптура)
  • 2022 - „Пристапна изложба на нови членови на. ДЛУБ“ - ликовен салон на ДЛУБ; (скулптура)
  • 2021 - „Проосветлување“ - заеднички проект со М-р Перо Кованцалиев под името Двајца Привремени; Дом на култура „Кочо Рацин“ (светлечки инсталации и lightbox), Скопје
  • 2017 - „Цртеж и графика“ - изложбен салон на ДЛУБ; (цртеж), Битола
  • 2014 - „Годишна изложба на ДЛУГ“ - изложбен салон Аполонија; (инсталација), Гевгелија
  • 2012 - БОШ - мултимедијален уметнички фестивал; (видео инсталација), Гевгелија
  • 2009 - Изложба во МПЦ „ Св, Прохор Пчински“; (слики), Пјаченца, Италија
  • 2006 - „Академиографија“, „БАГ“ Лоџа дела Мерканција; (скулптура), Џенова, Италија.
  • 2006 - „Уметност и територија“; (скулптура),Риомаџоре, Италија
  • 2006 - „Оџето дел дезидерио“, Лоџа дела Мерканција; (скулптура), Џенова. Италија
  • 2004/08 - „Годишна изложба на уметниците од Кодевила “ (слики), Кодевила, Италија