Васка Биџова-Гајдова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден Васка
26 јуни 1924
Прилеп, Кралство Југославија
Починал 5 септември 2014(2014-09-05) (воз. 90 г.)
Занимање Оперска пејачка, колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ


Васка Биџова-Гајдова (26 јуни 1924 во Прилеп - 5 септември 2014) е македонска оперска пејачка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Васка Биџова-Гајдова е оперска пејачка - колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ. Соло пеење учела кај П. Богданов-Кочко, Н. Кунели, П. Холотков и во Љубљана (Ј.Бетето). Постојан член на Операта и Балетот на МНТ (1948-1978). Во меѓувреме (1958) дипломира на Високоата школа за музичка и театарска уметност во Виена со улогата на Кралицата на ноќта во операта Волшебната флејта. Настапувала и на концертниот подиум, особено исполнувајќи вокални творби од македонски композитори. Од 15 остварени улоги, се издвојуваат: Констанца (Грабнување од Сарајот), Лучија (Лучија ди Ламермур), Розина (Севилски бербер),Џилда (Риголето), Адина (Љубовен напиток). Поседува чист колоратурен сопран, со широк дијапазон, технички совршен, способен со својата изразаеност да предаде и најсуптилни душевни состојби.

Наводи[уреди | уреди извор]