Васил Хаџи-Кимов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Васил Димитров Хаџи-Кимов (се потпишувал до 1945 година како Василъ хаджи Кимовъ) е бугарски револуционер и јавна личност, деец на Македонската младинска тајна революционна организација, Внатрешната македонска революционна организација (обединета) и на Бугарските акциони комитети.

Биографија[уреди | уреди извор]

Васил Хаджикимов е роден на 29 октомври 1903 година во штипското Ново село, тогаш во Османлиската империја. Роднина е на револуционерот Владислав Ковачев. После окупацијата на Вардарска Македонија од Србија завршува српска гимназија, во којашто уште од 8 клас се присоединува кон СКЈ. Уапсен е од српската полиција, заради распространуваната од него книга на Коста Новаковиќ „Македонија на македонците! Земјата на земеделците!“. Во почетокот на 1920-тите Хаџи-Кимов ја напушта СКЈ и се присоединува кон Македонската младинска тајна революционна организација, откако комунистите откажуваат да потпомогнат во решавањето на македонското прашање.

Во текот на 1925 година се префрла во Софија и станува член на новоформираната Внатрешна македонска революционна организација (обединета), а заедно со студентите Коста Веселинов, Димитар Шарланджиев, Асен Чаракчиев, М. Иванов и Кирил Николов учествува во нивната блиска Македонска народна студентска група во 1929 година. Завршува право во Софискиот универзитет и постанува специалност по „Консулство“ во Слободниот универзитет (сега УНСС). После убиството на Александар Протогеров во текот на 1929 година Хаци-Кимов издава брошура „Не можеме повеќе да молчам“, во којашто критикува го Иван Михајлов за братоубиствените војни во ВМРО, а исто и во самата ВМРО (обединета), чијшто печатен орган „Македонско дело“ повторно го критикува Хаџи-Кимов и другите студенти. Иван Ванчо Михајлов пишува во дневникот после средбата со Васил Хаџи-Кимов од 9 септември 1930 година, на којашто дискутирале за Македонската студентска група и федералистите Михаил Шкартов и д-р Филип Атанасов:[1]

Младият х. Кимов не е доволен от тях. Той развива дейност сред момчетата като Мирчо и др. Той и компания са загазили вече твърде много.
Корица на книгата „Македонските бугари“.

Во текот на 1932 година Васил Хаџи-Кимов е член на групата Македонски народни студенти и соработувал активно на редакцијата од Александар Мартулков во весникот „Македонско знаме“. Васил Хаџи-Ккимов, Антон Југов и Ст. Караджов се определени за шефови на ВМРО (обединета) за Бугарија на општата конференција од 15-16 април истата година. После општата резолюција на ВМРО (обединета) и Коминтерната за признавање на македонската нација од 1934 година Васил Хаџи-Кимов ја напушта организацијата и го издава весникот „Македонска борба“ заедно со Борис Михов[2], преку којшто се спротивставил на македонизацијата која што ја сметал за измислна комунистичка идеологија. Подготвам книгата „БКП и македонското ослободително движење“ со помошта на Павел Шатев, но остава неиздадена. Истата година издава „Постои ли македонска нација“, со којашто се спротивставам на историските фалшификации, и пишува писмо („Едно мислење“ со псевдонима „Македонец“) до бугарскиот министер-претседавач Георги Кьосеиванов, во коешто се застапува за цялостното обединетост на бугарската нација.[3] Автор е на книгата „Македонските бугари“.

После поразот на Кралска Југославија од Нацистчка Германија во април 1941 година се префрлил во Вардарска Македонија, каде што е инициатор и основач на создавањето на Бугарскиот централен акционен комитет и последователниот прием на бугарската армија. Избран е за секретар-организатор на комитетот и за редактот заедно со доктор Борис Благоев на печатниот орган весник „.Македонија“ со директорот-издавател Стефан Стефанов. Учествува во воспоставувањето на бугарското управување во областа и работи за заштита на интересите на бугарите, кои останале во окупираните зони во Македонија од италијанските и германските војски.

После 1944 година Васил Хаџи-Кимов е уапсен од новата југословенска власт и во текот на февруари 1946 година е осуден прво на смрт со стрелање, после казната му е заменета од Врховниот воен суд со 20 години затвор, од коишто излежава само 11 во Идризово.

После затворот Хаџи-Кимов живее во Скопје и работи во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, каде што во 1970 година ја издава „Ретроспективна библиографија на Македонија – книги“ во тираж од 500 броја. Подоцна се преместува во Софија, Бугарија, каде што пишува материјали за отпорот спрема македонизмот во периодот од 1944-1980 година. Таму заклучува, дека се спроведени над 700 политички процеси спрема бугари, повеќето со смртна казна, а другите 23 илјади души се убиени или исчезнале. 120 илјади вкупно поминале низ затворите на Југославија, а околу 180 илјади се прогонети во Бугарија и во другите земји по светот.[4]

После објавувањето на независноста на Република Македонија се враќа во Ново село, каде што умира на 20 декември 1992 година. Васил Хаџи-Кимов е автор и на книгите „Слънчеви денови“ (Скопје, 1942), „Унче и Димче - Пусто турско“ (Штип, 1964), „Любовни копнежи“ (Скопје, 1972) и други.[5]

Васил Хаџи-Кимов пишува:

Две, три или повече млади поколения не са нищо пред дългия низ от поколения през вековете, които са създали и затвърдили основите на българската нация в Македония и така обезпечили нейното безсмъртие. В понятието нация не влизат само младите поколения от живите, но и останалите от всички възрасти, които се чувствуват чистокръвни българи. В понятието нация влизат и мъртвите - тези, които са живели и са се борили за общото ни обединено отечество България.

Видете исто[уреди | уреди извор]

  • Григор Хаджикимов

Надворешни препратки[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Гребенаров, Александар. Легални и тајни организации на македонските бежанци во Бугарија (1918-1947), МНИ, Софија, 2006, стр. 237
  2. Гребенаров, Александар. Легални и тајни организации на македонските бежанци во Бугарија (1918-1947), МНИ, Софија, 2006, стр. 244
  3. „Нација без национални идеали е тело без душа - Васил Хаджикимов“, во-к "Македонија", број 29, 22 јули 1998 г.
  4. Гоцев, Димитър, „НОВАТА НАЦИОНАЛНО-ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА Во ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА 1944-1991 г.“, Македонски научен институт, Софија, 1998 г.
  5. Ива Бурилкова, Цочо Билярски, „Васил Хаджикимов - БКП и македонското ослободително движење