Прејди на содржината

Васил Пујовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Пујовски
Роден 11 октомври 1946
Д’мбени, Кралство Грција
Починал 8 септември 2019(2019-09-08) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Деца Анастас Пујовски, Александар Пујовски

Васил Пујовски (11 октомври 1946 - 8 септември 2019) македонски драмски писател и поет за деца и за возрасни.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е Д’мбени, Костурско, егејскиот дел на Македонија. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Вработен во Македонската телевизија. Цели 20 години работел како уредник на телевизиска програма за деца. Автор на повеќе телевизиски серии за деца и млади: Ајде да се дружиме, Дајте музика, Чук, чук Стојанче, Во светот на бајките ... ;

Тој бил член на ДПМ почнувајќи од 1968 година.[1]

Творештво и стил

[уреди | уреди извор]

Песната на Васил Пујовски обсервира во неколку рамнини одеднаш: во реалноста која постои во насловот на темата; во имагинарноста, составена од бесконечни спротивности и во јазикот од чие битие е составена. Тој пишувал поинаку од другите: најпрво, според стилот, а потоа и според содржината. Вешто спојува текови на повеќе времиња во едно време: час минатото е сегашност, час сегашноста исчезнува во безвременост. Неговата нарација тече необично спокојно и уште од самиот почеток воспоставува непосреден допир со љубопитството на детето.[2]

Пишувањето за Васил Пујовски е дослух со звукот. Неосетно, ненаметливо, поезијата на Пујовски ги шири хоризонтите на сознајбата кај децата. Надреалистичките јазли, заврзани низ редовите на неговото поетско писмо, претставуваат обезјазичен простор во кој се кријат волшебните светови на сонот. Тоа се згуснати симболи низ кои се гледа и она кое не постои и се слуша и она кое не е изговорено. - Дел од поетскиот осврт на Васил Пујовски од Академик Анте Поповски.


Творештво

[уреди | уреди извор]
  • Светот на детскиот сон (поезија за деца, 1967)
  • Пред божји суд (поезија, 1969)
  • Кат Патон (поема за деца, 1972)
  • Мижете да ве лажам (поезија за деца 1985)
  • Ајде да се дружиме (тв-серија за деца, 1985)
  • Сркај-кркај (поезија за деца, 1988)
  • Било-небило (сказна, 1989)
  • Кралот Кускуле Први (драма, 1992)
  • Дајте музика (поезија за деца, 1994)
  • Прва лига (поезија за деца, 1995)
  • Ѕвездено дете (избор поезија, 1999)
  • Ѕверка без мерка (поезија за деца, 2000)
  • Дете голомеше (пиеса во стихови за деца, 2008)
  • Алиса во земјата на чудата (драматизација, 2010)
  • Јас, Ана и нејзиниот брат (збирка песни за деца, 2017)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 219.
  2. Касаш, Александар (2016-06-01). „АКАДЕМИК БОГУМИЛ ХРАБАК, ЈЕДАН ОД ПОСЛЕДЊИХ ПОЛИХИСТОРА ЈУГОСЛОВЕНСКЕ ИСТОРИОГРАФИЈЕ“. ИСТРАЖИВАЊА (25): 367–378. doi:10.19090/i.2014.25.367-378. ISSN 2406-1131.