Прејди на содржината

Васил Липитков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Липитков
Роден 1862
Љубетино, Отоманско Царство
Починал 21 јуни 1928(1928-06-21) (возр. 65–66)
Горно Оризари, Кралство СХС
Занимање револуционер, војвода
Татко Доне Липитков

Васил Николов Липитков (познат и како Липитката[1]) (Љубетино, 1862 Горно Оризари, 21 јуни 1928 ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Липитков е роден во 1868 г. во леринското село Љубетино, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО и на почетокот служел како курир и главен снабдувач со оружје на Леринскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание како војвода на ајтоско-љубетинската чета и со неа бил во преземањето на Невеска. Во мај 1905 г. властите го уапсиле и го осудиле на 10 години, а од 1911 г. станал илегален деец.[2]

Тројца од затворените за убиството на Хаџи Поповиќ во Битолскиот затвор, 1926 г. Најдесно е Липитков

За време на Првата балканска војна во 1912 г. бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и служел во четата на Пандил Шишков.[3]

Во 1927 г. бил уапсен по атентатот врз Спас Хаџи Поповиќ заедно со Никола Абдураманов од Пателе, Димитар Јуруков од Битола, Фидан Мојсов од Кукуречани и Павле Стојанов од Желево. Сите се осудени на смрт и стрелани во с. Горно Оризари, Битолско на 21 јуни 1928 година.[4]

На 21 јуни 1941 година, на иницијатива на Мицо Раманов, Пандо Турунџев, Ичо Краев од Екши Су, Методи Петров од Пателе и Стојан Костов од Битола, во селската црква на Горно Оризери се одржала свечена панихида на која присуствувле голем број жители од Битола и од Битолско во чест на стреланите атентатори на Хаџи Поповиќ.[4]

  1. Михайловъ, Иванъ (1967). Спомени, томъ III. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (PDF). Louvain, Belgium: A. Rosseels Printing Co. стр. 292. no-break space character во |title= во положба 44 (help)
  2. Дебърски глас, година 2, брой 43, 16 май 1911, стр. 4.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 408. ISBN 954-9800-52-0.
  4. 1 2 Петровъ, Ср. (ноември 1941). „Поменъ за петима българи мѫченици въ Битоля“ (PDF). Илюстрация Илинден. 13 (9 (129)): 9–10.