Васил Добрев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Васил Добрев е француски египтолог од бугарско потекло, кој работи од 1995 г. во Францускиот археолошки институт (IFАО) во Каиро.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 30 јули 1961 г. во Пловдив. Во текот на 1992 г. ја одбранил докторската дисертација по египтологија на Сорбона под раководството на академик Жан Локлен.[1] Во 2004 г. предлага нова револуционерна теорија за потеклото на Големата Сфинга во Гиза, според која, сфингата не е поставена од фараонот Кефрен (како што се смета во класичната египтологија), туку од фараонот Џедефре во чест на татко му Куфу.

Од 2000 г. екипата на Васил Добрев спроведува истражувања на платото во Сакара на 30 км од Каиро, во потрага по гробницата на фараонот Усеркаре од 6-та династија, кој е познат и како „Исчезнатиот фараон“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Индијана Џонс е од Пловдив

Надворешни врски[уреди | уреди извор]