Василка Костова Размова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена Охрид, денес во Република Македонија
Починала 1903 02 05
Охрид

Василка Костова Размова е македонска учителка и револуционерка, деец на ВМОРО.

Биографија[уреди | уреди извор]

Знамето што го везеле учителките

Василка Размова е родена во Охрид во семејството на Коста Размов. Завршила женската гимназија во Солун, и станала учителка во родниот град.[1] Се приклучила на женската организација на ВМОРО во Охрид Успение на Богородица. По заминувањето на Славка Пушкарова за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата биле поставени Василка Размова и Поликсена Попантова. Учителките организирале болница за ранети и болни четници во двоспратната куќа на семејството на Андроник Скопакови. Оваа куќа била митрополија во времето кога тука делувал митрополитот Синесиј Скопски. Василка Размова учествувала во везењето на востаничкото знаме.

Василка Размова умрела по долго боледување од туберкулоза во Охрид, на 2 мај 1903 година.[2] Погребана е од владиката Методиј Охридски.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Илинден-Преображение 1903. София: Български писател. 1968. стр. 191. 
  2. Спространов, Евтим (1994). Дневник, том 1 (1901 - 1907). София: Македонски научен институт. стр. 268. ISBN 954-8187-11-6. 
  3. Спространов, Евтим (1994). Дневник, том 1 (1901 - 1907). София: Македонски научен институт. стр. 269. ISBN 954-8187-11-6.