Прејди на содржината

Варолиев мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Варолиев мост
Варолиевиот мост во мозочното стебло
Податоци
Дел одМозочно стебло
АртеријаМосни артерии
ВенаНапречни и бочни мосни вени
Назнаки
TAA14.1.03.010
FMAFMA:67943

Варолиев мост — делот од мозочното стебло кој, кај луѓето и другите цицачи, се наоѓа подолу од средниот мозок, над продолжениот мозок и пред малиот мозок.

Латинското име на Вролиевиот мост е pons Varolii, според италијанскиот анатом и хирург Костанцо Варолио (1543–1575).[1] Варолиевиот мост содржи нервни патишта и нервни тракти кои спроведуваат сигнали од мозокот до малиот и продолжениот мозок, како и патишта кои ги носат сетилните сигнали нагоре во таламусот.[2]

Структура

[уреди | уреди извор]

Варолиевиот мост кај луѓето е долг околу 2,5 см.[2] Тоа е делот од мозочното стебло сместен помеѓу средниот мозок и продолжениот мозок.[3][4] Хоризонталниот медулопонтински сулкус ја означува границата помеѓу Варолиевиот мост и продолжениот мозок на вентралниот дел од мозочното стебло, а корените на кранијалните нерви 6, 7 и 8 излегуваат од мозочното стебло по овој жлеб.[5] Спојот на Варолиевиот мост, продолжениот мозок и малиот мозок го образува мосно-маломозочниот агол.[6] Горниот понтински сулкус го одделува Варолиевиот мост од средниот мозок.[7] Постериорно, Варолиевиот мост се криви од двете страни во среден церебеларен педункул.[4]

Попречниот пресек на Варолиевиот мост го дели на вентрален и дорзален дел. Вентралниот Варолиев мост е познат како базиларен дел, а дорзалниот Варолиев мост е познат како pontine tegmentum.[3]

Васкулатура

[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Варолиевиот мост се снабдува со крв од мосните артерии, кои произлегуваат од базиларната артерија. Помал дел од Варолиевиот мост се снабдува со крв од предните и задните долни церебеларни артерии.

  1. Gray, Henry (1862). Anatomy, descriptive and surgical. Blanchard and Lea. стр. 514–. Посетено на 10 November 2010.
  2. 1 2 Saladin, Kenneth S. (2007). Anatomy & physiology the unity of form and function. Dubuque, Iowa: McGraw-Hill.
  3. 1 2 Rahman, Masum; Tadi, Prasanna (2024). „Neuroanatomy, Pons“. StatPearls. StatPearls Publishing. Посетено на 11 August 2024.
  4. 1 2 Sinnatamby, Chummy S. (2011). Last's Anatomy (12th. изд.). стр. 478. ISBN 978-0-7295-3752-0.
  5. „sulcus bulbopontis“. TheFreeDictionary.com. Посетено на 2023-06-08.
  6. „cerebellopontile angle“. TheFreeDictionary.com. Посетено на 2023-06-08.
  7. Carpenter, M (1985). Core text of neuroanatomy (3rd. изд.). Williams & Wilkins. стр. 42. ISBN 0683014552.