Варминско-мазурско Војводство

Координати: 53°51′N 20°50′E / 53.850° СГШ; 20.833° ИГД / 53.850; 20.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Варминско-мазурско Војводство
województwo warmińsko-mazurskie
војводство
Знаме на Варминско-мазурско ВојводствоГрб на Варминско-мазурско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Варминско-мазурското Војводство
Окрузи во Варминско-мазурското Војводство
Земја Полска
СедиштеОлштин
Окрузи2 градски, 19 земски окрузи *
Површина
 • Вкупно24.191,8 км2 (93,405 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно1.443.967
 • Густина60/км2 (200/ми2)
 • Градскo856.559
 • Селско570.532
Рег. таб.N
Мреж. местоwm.24.pl

Варминско-мазурско Војводство (полски: województwo warmińsko-mazurskie) — војводство во Североисточна Полска. Главен и најголем град е Олштин. Војводството зафаќа површина од 24.192 км2 и има 1.443.967 жители (2014).

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од целото тогашно Олштинско војводство, западната половина на Сувалското и дел од Елблоншкото Војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по двете историски области во него — Вармија и Мазурија.

Војводството се граничи со Подлаското Војводство на исток, Мазовското на југ, Кујавско-поморското на југозапад, Поморското на запад, Висланскиот Залив на северозапад и Калининградската Oбласт (ексклава на Русија) на север.

Кон почетокот на новиот век, подрачјето било дел од Полско-литванската Државна Заедица. Со првата поделба на Полска во 1772 г. овие области влегле во новосоздадената пруска покраина Источна Прусија како нејзин јужен дел. По Втората светска војна подрачјето е поделено помеѓу Полска и СССР, а сето староседелско германско население е насилно протерано во Германија. И покрај прогоните, денес сепак постои малобројно германско малцинство.

Особено значење во војводството има Мазурското Поезерје, со преку 2.000 езера, меѓу кои и двете најголеми во земјата — Шњардви и Мамри. Меѓу препознатливите знаменитости се вбројуваат замоците како Лиѕбарчкиот, Пјењенежнскиот, Олштинскиот, како и Катедралниот Рид во Фромборк, каде живеел и работел астрономот Никола Коперник. Лиѕбарчкиот замок подоцна станал дом на Игнациј Красицки, наречен „Кнезот на полските поети“. Од посебно духовно значење се христијанските светилишта Швјента Липка во Мазурија и Гетшвалд во Вармија.

Варминско-мазурското Војводство има најбројно украинско население во Полска[1], што се должи на присилните преселби спроведени од СССР и полската комунистичка власт. Најпознат од овие потфати е операцијата „Висла“.

Градови и гратчиња[уреди | уреди извор]

Олштин — седиште на војводството и најголем град во Вармија.
Елблонг — најголемиот град во западниот дел на војводството.
Елк — најголемиот град во Мазурија
Оструда — најголемиот град во западниот дел на Мазурија.
Езерското пристаниште во Миколајки.

Војводството има 49 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Војводското собрание во Олштин.

Војводството е поделено на 21 округ, од кои 2 градски и 19 земски. Тие пак се делат на вкупно 116 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Елблонг
Elbląg
80 127.055 1
Олштин
Olsztyn
88 176.522 1
Земски окрузи
Бартошички
powiat bartoszycki
1.309 61.354 Бартошице Гурово Илавецке, Биштинек, Семпопол 6
Брањевски
powiat braniewski
1.205 43.781 Брањево Пјењенжно, Фромборк 7
Венгожевски
powiat węgorzewski
693 23.641 Венгожево 3
Гижички
powiat giżycki
1.119 56.863 Гижицко Рин 6
Голдапски
powiat gołdapski
772 26.989 Голдап 3
Ѓалдовски
powiat działdowski
953 65.110 Ѓалдово Лиѕбарк 6
Елблоншки
powiat elbląski
1.431 56.412 Елблонг * Пасленк, Толкмицко, Млинари 9
Елчки
powiat ełcki
1.112 84.760 Елк 5
Илавски
powiat iławski
1.385 89.960 Илава Лубава, Суш, Кишелице, Залево 7
Кентшински
powiat kętrzyński
1.213 66.165 Кентшин Решел, Корше 6
Лиѕбарчки
powiat lidzbarski
924 43.006 Лиѕбарк Вармињски Орнета 5
Мронговски
powiat mrągowski
1.065 50.087 Мронгово Миколајки 5
Ниѓички
powiat nidzicki
961 33.955 Ниѓица 4
Новомјејски
powiat nowomiejski
695 43.388 Нове Мјасто Лубавске 5
Олечки
powiat olecki
874 34.215 Олецко 4
Олштински
powiat olsztyński
2.840 113.529 Олштин * Добре Мјасто, Бискупјец, Олштинек, Барчево, Јежорани 12
Острудски
powiat ostródzki
1.765 105.286 Оструда Моронг, Милаково, Миломлин 9
Пишки
powiat piski
1.776 57.553 Пиш Ожиш, Руќане-Њида, Бјала Писка 4
Шчитенски
powiat szczycieński
1.933 69.289 Шчитно Пасим 8
* седиштето не е дел од округот

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Малцински народи во Полска Архивирано на 7 ноември 2011 г. — Министерство за внатрешни работи и управа посет. 9 септември 2007 г (полски)
  2. Stat.gov.pl

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

53°51′N 20°50′E / 53.850° СГШ; 20.833° ИГД / 53.850; 20.833