Варда Фока Стариот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Варда Фока
Роденc. 878
Починалc. 968
ДржаваВизантија
Служба910s–955
Битки/војниБитка кај Анхијал, Византиско-арапски војни, опсада на Конастантинопол

Варда фока (878 – 968) — познат византиски војсководец во првата половина на X век, и татко на византискиот цар Никола II и куропалатот Лав Фока Младиот.

Варда бил подмладок на семејството Фоки, едно од познатите воени аристократски семејства во Анадолија, негов татко бил Никифор Фока Стариот, истакнат византиски војсководец со инзворедна служба во Италија. Во 917 година, учествувал под команда на постариот брат Лав во катастроалната Битка кај Анхијал.

Во 941 година, тој бил владетел на темата Ерменија, на областа порано позната како Пафлагонија. Во оваа година руската морнарица под водство на Игор I ја нападнале Византија. Откако биле отерани од Цариград, русите се истовариле во Витинија и ја опустошиле. Варда ги држел напаѓачите на растојание за да спречи поголеми штети, сè додека не пристигнала византиската армија под водство на Јован Курку не ги протерала.

Во 945 година тој бил назначен за врховен водач на византиската армија на истокот од страна на царот Константин VII. Во ова својство немал некаков успех во борбите со арапите, од кои бил постојано поразувн под водство на Саиф ел-Даула, емирот на Алеп. Во 953 година, тој бил поразен и сериозно ранет од Саиф и по оследователните порази, топј бил заменет од неговиот син Никифор во 955/956 година.

Кога Никифор станал цар го прогласил својот татко кајзер, што е веднаш под титулата цар. Тој починал во 968 година на возраст од 90 години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Norwich, John Julius. Byzantium: The Apogee. (New York: Alfred A Knopf, 1992)
Претходник
Пантериј
Управител на школа
945–954
Наследник
Никифор II