Вардарска зона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вардарската зона го опфаќа централниот дел на Македонија. Започнува од Солун, се протега низ долината на Вардар во вид на широк појас и преку Скопската Котлина и Скопска Црна Гора продолжува на север. Од Родопската зона и од Пелагонидите е одвоена со длабински раседи и е обликувана во вид на тектонски ров. Таа е распарчена на блокови и хорстови со раседи од различни димензии. По долчината на раседите извршени се лушпести навлекувања кои од македонско - грчката граница, па на север до македонско - српската граница создаваат сплет од линеарно подредени структурни зони. Во различно време, со оживување на раседите, се предизвикуваат хоризонтални и длабински нарушувања на блоковите, така што во оваа зона се јавуваат и чести земјотреси.