Варваризми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Варваризми (грч. barbaros = странски, туѓ) се зборови или зборовни конструкции кои не се во согласност со нормите на даден стандарден јазик. Со други зборови, варваризмите се сметаат како отстапување од усвоените современите граматички или стилистички правила, на пример: мистер, сењора, сењорита, тет-а-тет, визави и др. Варваризмите можат да се употребуваат и во уметничката литература за да се предаде специфичен местен колорит, да се отслика посебен амбиент во кој дејствуваат личностите, да се доближи до читателот едно специфично време од историјата и сл. Честопати варваризмите можат да се користат за иронизирање на настани, личности или поредок.