Варвара (Касандра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Варвара
Βαρβάρα
Поглед кон Варвара
Поглед кон Варвара
Варвара is located in Грција
Варвара
Варвара
Местоположба во областа
Варвара is located in Аристотел (општина)
Варвара
Местоположба на Варвара во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 23°42′E / 40.517° СГШ; 23.700° ИГД / 40.517; 23.700Координати: 40°31′N 23°42′E / 40.517° СГШ; 23.700° ИГД / 40.517; 23.700
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаВарвара
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно538
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Варвара (грчки: Βαρβάρα, Варвара) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 46 километри североисточно од градот Јерисос и на 20 километри северно од Леригово, во североисточниот дел на Халкидик, помеѓу планините Древенико и Суглани[2].

Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото било населено уште од XIV век. Името на селото потекнува од месната црква „Св. Варвара“.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

За време на Грчката војна за независност селото било запалено од страна на Турците, заедно со другите села на Халкидик. За време на Македонската борба, во селото делувал Атанасиос Минопулос[3].

Селото во текот на 19 век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Црквата посветена на Света Варвара била изградена во 1875 година[4].

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Варвара живееле 480 Грци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 600 жители Грци[6].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 555 Грци[7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 800 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 764 жители, додека во 1940 година селото броело 647 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 764 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 803 жител, во 1971 година имало 736 жители, во 1981 година имало 690 жители[8], додека во 1991 година имало 674 жители. Денеска, населението на селото е 538 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 647 764 803 736 690 674 835 538
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Варвара се наоѓа во средината на една голема шума. Шумата е покриена со густа вегетација. Таа вклучува многу видови на дрвја, меѓу кои и бука, даб и липа. Главно занимање на жителите е преработка на дрвото. Во внатрешноста на шумата се наоѓаат два водопади[9]

Во центарот на селото се наоѓа црква посветена на Света Варвара била изградена во 1875 година. Во близина на селото секое лето се одржува музички фестивал, на кој учествуваат грчки музичари и пејачи. За прв пат манифестацијата била одржана во 1998 година[10] [11].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Βαρβάρα
  3. „Varvara“. dimosaristoteli.gr. конс. 26 July 2013. 
  4. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165. 
  9. „The waterfalls of Varvara“. stagira.gr. конс. 26 July 2013. 
  10. „Varvara's Festival“. ogdoo.gr. конс. 26 July 2013. 
  11. „Varvara's Festival“. entechnanews.com. конс. 26 July 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]