Вараждинска жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вараждинска Жупанија)
Прејди на: содржини, барај
Вараждинска жупанија
Varaždinska županija
Жупанија
Знаме на Вараждинска жупанија
Знаме
Грб на Вараждинска жупанија
Грб
Вараждинската жупанија (светло портокалово) во Хрватска (светло жолто)
Вараждинската жупанија (светло портокалово)
во Хрватска (светло жолто)
Главен град Вараждин
Управа
 • Жупан Ѕвонимир Сабати
Површина
 • Вкупна 1.261 км2
Население (2001)
 • Вкупно 183.730
 • Густина 150/km2
Повикувачки број 042
ISO 3166 HR-05
Мреж. место http://www.varazdinska-zupanija.hr/

Вараждинската жупанија се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Седиштето на оваа жупанија е градот Вараждин.

Географија[уреди | уреди извор]

Жупанијата го опфаќа подрачјето меѓу Драва на север и Страхинчица, Иванчица и Калничко Горје на југ. Таа се состои од вараждинската Подравина, лудбрешката Подравина и северниот дел на Хрватско Загорје.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот извршен од 2001 година, Вараждинската жупанија броела 184.769 жители, што е 4,2% севкупната популација на Хрватска. Густината на населението изнесувало 149 жители на km². Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 97,7%, Срби 0,4%, Словенци 0,3%, Роми 0,2% и други.

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
Жители 184.769 187.853 187.495 184.380 179.905 177.352 174.682 159.767 147.524 144.720 131.849 120.397 105.612 99.194 87.960

Економија[уреди | уреди извор]

Во Вараждинската жупанија развиени се: текстилната, прехрамбената и дрвната индустрија.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Жупанијата ја сече автопатот А4 кој ја поврзува со унгарската граница (на север) и Загреб (на југ). По хоризонтала (запад-исток), низ жупанијата минува магистралниот пат кој оди крај реката Драва и ги спојува Марибор (Словенија) и Осјек. Низ жупанијата минува и железничка пруга која ги спојува Загреб (на југ), Чаковец и Будимпешта (на север) и Копривница (на исток)

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Извор[уреди | уреди извор]

  • ЦД-ром: „Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године“, Издание на Државниот завод за статистика на Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.