Ван Дименова Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ван Дименова земја
Van Diemen's Land 1852.jpg
Карта на Ван Дименовата земја од 1052
Географија
МестоЈужен океан
Координати42°00′S 147°00′E / 42.000° ЈГШ; 147.000° ИГД / -42.000; 147.000
Највисока котаПланина Оса
Управување
Обединето Кралство
Најголема населбаХобарт
Демографија
Население40.000 (1855)
Етнички групиТасмански Абориџини
Карта на Ван Дименовата Земја од 1663, делови откриени од Тасман, вклучително и Залив на Луњата, Марија (остров) и Скутен (остров).

Ван Дименова Земја (холандски: Anthoonij van Diemenslandt) — изворното име користено од европјаните за островот Тасманија, сега дел од Австралија. Холандскиот истражувач Абел Тасман бил првиот европјанин кој ја истражувал Тасманија. Го именувал островот Anthoonij van Diemenslandt во чест на Антониј Ван Димен, генерален управник на Холандските Источни Инди, којшто го испратил Тасман на неговото откривачко патување во 1642.

Во 1803, островот бил колонизиран од Британците како осуденичка колонија под името Ван Дименова Земја, и станал дел од колонијата Нов Јужен Велс. Во 1824 Ван Дименовата Земја станала оддвоена колонија. Во 1856 колонијата добила одговорна самоуправа со свој претставник во парламентот, и името на островот е сменето во Тасманија.

Осуденичка колонија[уреди | уреди извор]

Главни статии: Порт Артур, Тасманија, Осуденици од западниот брег на Тасманија

Од 1830 до укинувањето на депортацијата во 1853, земјата била главна осуденичка колонија во Австралија. По укинувањето на депортацијата кон Нов Јужен Велс околу 75.000 осуденици, односно околу 40% од сите осуденици пратени во Австралија, биле пратени во Ван Дименовата Земја. Само најтешко осудените биле праќани во затворот на тасманскиот полуостров познат како Порт Артур. По отслужувањето на казната повеќето од нив се населиле во Викторија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Alexander, Alison (editor) (2005) The Companion to Tasmanian History Centre for Tasmanian Historical Studies, University of Tasmania, Hobart. ISBN 1-86295-223-X.
  • Robson, L.L. (1983) A history of Tasmania. Volume 1. Van Diemen's Land from the earliest times to 1855Melbourne, Oxford University Press. ISBN 0-19-554364-5.
  • Robson, L.L. (1991) A history of Tasmania. Volume II. Colony and state from 1856 to the 1980s Melbourne, Oxford University Press. ISBN 0-19-553031-4.

Надворешни препратки[уреди | уреди извор]

Предлошка:Територии на Британската Империја