Прејди на содржината

Ванѓа Брдарова - Беќарова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ванѓа Брдарова - Беќарова (21 јануари 1921 во Струмица — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Пред војната учествувала во напредното младинско движење. Со отпочнувањето на вооруженото востание учествувала во заднината на НОД како член на СКОЈ од ноември 1941 година. Членувала во читалиштето „Гоце Делчев“ и друштвото „Есперанто“ и преку нив ја вршела својата дејност на ширење напредна и илегалнa литература и опфаќањето на младинци за учество во НОД. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци на воспитни младински гpyпи и други активисти од градот.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1008.