Ванчо Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ванчо Николовски
Роден 15 ноември 1922
Неготино, Кралство Југославија
Починал 17 март 2005
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање политичар

Ванчо Николовски (роден на 15 ноември 1922 година во Неготино - починал на 17 март 2005 година во Скопје) — македонски првоборец и политичар, економист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родниот град Неготино, гимназија во Горни Милановац и Велес, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Како учесник во НОАВМ (од 1 Ⅴ 1941) и член на КПЈ (од февруари 1943), бил уапсен и испратен во интернација во Бугарија (мај 1943 – јануари 1944). Повторно се вклучил во НОАВМ (од 29. Ⅶ 1944) како борец, секретар на МК на КПЈ во Неготино и политички комесар на Тиквешкото воено подрачје. По Ослободувањето завршил Виша политичка школа во Белград и Економски факултет во Скопје.

Во текот на својот работен век, ги извршувал следните функции:

  • секретар на Општински комитет и секретар на Околиски комитет на КПМ
  • директор на Партиската школа во Скопје
  • претседател на општинско собрание
  • потпретседател на околиско собрание
  • пратеник во Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ
  • член на Републичкиот совет
  • потпретседател на РО на ССМ
  • главен уредник на в. „Трудбеник“
  • член на Главниот одбор на ССРНМ
  • секретар за индустрија и трговија на Извршниот совет на Собранието на СРМ
  • претседател на Одборот за општествен план и финансии на Републичкиот совет на Собранието на СРМ
  • Директор на Сојузната дирекција за материјални резерви
  • пратеник во Собранието на СФРЈ
  • потпретседател на Сојузниот собор.

По пензионирањето (1987) пројавил жива активност со реагирања на актуелните збиднувања во македонските весници и списанија. Автор е на неколку книги

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Николовски". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 1052.