Ване Трајков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ване Трајков
Роден 07.12.1958
Македонија Велес, Македонија


Ване Трајков, роден на 07.12.1958 во Велес, Македонија, е основач и извршен директор на Стрип Центарот на Македонија (СЦМ)

Автор е на поголем број сценарија за стрипови, како и на неколку сценарија за ТВ филмови и драми. Трајков се јавува и како инструктор за теорија на стрип, организатор на десетина изложби на стрип низ Македонија и во странство , организатор на Меѓународниот салон на стрип во Велес којшто традиционално се одржува секоја година.

Главен и одговорен уредник е на стрип магазинот „творец“, а уредник е и на стрип албумите „Мис Стон“ „Ајдучка чешма“, и „КОЧО РАЦИН-ЖИВОТ, ПЕСНИ, СМРТ„ Тој е автор на три романи за млади и деца и еден од основачите на Клубот на писатели „Кочо Рацин“ во Велес.<ref>„Ване Трајков“, Стрип центар на Македонија< http://www.izlez.mk/?p=16942/ref>

Наводи[уреди | уреди извор]