Вандејска буна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вандејска буна (француски: Guerre de Vendée, се нарекува и Вандејска војна, Вандејска револуција, Вандејско востание) ― контрареволуција против републиканската влада за време на Француската револуција, која траела од 1793 до 1796 година во провинцијата Вандеја во Франција. Вандеја е крајбрежен регион, кој се наоѓа јужно од реката Лоара во Западна Франција. На почетокот, војната била слична на селската буна предводена од Жакери во 14 век, но набрзо се здобила со контрареволуционерни и ројалистички елементи.

Причини и повод[уреди | уреди извор]

За разлика од Париз и другите француски провинции, класните разлики во Вандеја не биле силно изразени. Таму, за разлика од другите делови на Франција, месното благородништво живеело веќе подолго време и не било омразено од обичното население.[1] Конфликтите, кои биле движечка сила на револуцијата во Париз, речиси и да ги немало во овој релативно изолиран дел од Франција затоа што населението строго се придржувало кон својата католичка вера. Откако револуционерите се обиделе да го намалат влијанието на црквата, луѓето од регионот на Вандеја сметале дека тоа е незамисливо.[2] Во 1791 година Националното собрание било известено за вознемирувачката состојба во Вандеја, и набрзо бил откриен ројалистички заговор организиран од маркизот де ла Руери.[3] Сепак, социјалните немири се појавиле поради страв од Теророт (1793-1794 кога илјадници луѓе биле обезглавени на гилотина) подгреани од притисокот што го наметнувал Граѓанскиот устав на свештенството (1790) и масовната регрутација од 300.000 војници од цела Франција (со декрет од Националниот конвент од февруари 1793 година).[4] [5]

Според Граѓанскиот устав на свештенството сите свештеници да се заколнат на негова верност и на уште повеќе антисвештеното Национално конститутивно собрание. 153 епископи (од вкупно 160) и околу половина од парохиските свештеници ја одбиле заклетвата.[6] Прогонството на свештените лица и на верниците и регрутирањето ја поттикнало буната. Започнала и конфискација на црковниот имот. [6] На 3 март 1793 година, практично било наредено сите цркви да се затворат.[7] Војници конфискувале сакрални садови, а на луѓето им било забрането да поставуваат крстови на гробовите.[7]

Во март 1793 година регрутацијата со кој се барало од Вандејанците да ја пополнат квотата од вкупно 300.000 војници на национално ниво го разбеснила населението.[4] Народол зел оружје и под името „Католичка армија“ (подоцна било додадено и „Кралска“) почнало да се бори за „пред сѐ повторно отворање на нивните парохиски цркви со нивните поранешни свештеници“. [8]

Избувнување на буната[уреди | уреди извор]

A red cross supported by a heart
Светото срце на вандејските ројалистички бунтовници со мотото „Dieu, le Roi“ значи „Бог, Крал“.
Административниот департман Вандеја (зелено), „Вандејската буна“ (розово) каде се одвивал најголемиот дел од бунтот и Вире де Галерн (црни, црвени и сини стрелки)

Востанието започнало во март 1793 г, како отфрлање на указот за масовно регрутирање. Негодувања против регрутацијата имало и во други делови на Франција. Најчесто овој отпор бил брзо задушуван, но во долниот дел по течението на Лоара состојбата била посериозна и траела подолго. Млади луѓе од комуните околу Шоле, го нападнале градот и го убиле командантот на Националната гарда. За една недела, насилството се проширило кај бретањските мочуришта; на 11 март селаните го зазеле градот Мачекул, а неколку стотици прорепубликанци биле масакрирани. На 12 март, голема група селани под водство на Жак Кателино и Жан-Никола Стофле го зазеле Сен Флоран-ле-Вие. До средината на март, еден бунт против регрутирањето се претворил во вистинско востание.[9]

Републиката брзо реагирала и испратила преку 45.000 војници. Првата битка се биела ноќта на 19 март. Републиканска чета од 2.000 војници, под команда на генералот Луј Анри Франсоа де Марсе, која се движела од Ла Рошел кон Нант, била пресретната северно од Шантоне во близина на мостот Граверо на реката ле Петит-Леј.[10] По шестчасовна борба, пристигнало засилување за бунтовниците и ги разбиле републиканските сили. На 22 март, уште една републиканска чета била разбиена во близина на Шалон-сур-Лоара.[11]

Пораз[уреди | уреди извор]

Масовни пукотници во Нант, 1793 г.

На 1 август 1793 година, Комитетот за јавен спас му наредила на Жан Батист Кариер да изврши „пацификација“ на регионот преку негово целосно физичко уништување.[12] Наредбата не била веднаш спроведена, а барањата за целосно уништување продолжиле.[12]

Преминување на Лоара: Генералот Лескур, (ранет) ја преминува Лоара кај Сен-Флорен (17 октомври 1793), од Жил Жираде

Републиканската армија добила засилување од првите регрути од масовната регрутација и засилувањата од Мајнц. Вандејската војска прв пат била сериозно поразена во битката кај Шоле на 17 октомври. Уште полошо за бунтовниците било тоа што нивната војска била разделена. Во октомври 1793 година, вандејскиот командант Анри де ла Рошејаклејн со околу 25.000 војници ја преминал Лоара и се упатил кон пристаништето Гранвил, каде што очекувал да бидат пречекани од британска флота и армија на прогонети француски благородници. Кога стигнал во Гранвил, градот бил опколен од републиканските сили, а британските бродови не биле на повидок. Обидите за заземање на градот биле неуспешни. За време на повлекувањето, проширените чети биле заробени од републиканските сили; страдале од глад и болести, и умреле илјадници од нив. Во последната, решавачка битка кај Савенај на 23 декември војската била поразена.[13] [14] Меѓу погубените следниот ден бил и генерал-полковник Жак Алексис де Вертеј, но некои историчари тврдат дека по битката кај Савенај буната сè уште трае.[15]

Последици од буната и пододнежните побуни[уреди | уреди извор]

По решавачката битка кај Савенај (декември 1793) пристигнале наредби за присилна евакуација; а била иницирана политика на „ запалена земја“: фармите биле уништени, полињата и шумите изгорени и селата срамнети со земја. Имало многу пријави за злосторства и масовни убиства насочени кон жителите на Вандеја без оглед на статусот на борецот, политичката припадност, возраста или полот. [16]

Од јануари до мај 1794 година, 20.000 до 50.000 цивили од Вандеја биле масакрирани од пеколните чети на генералот Луј Мари Туро. [17] [18] [19]

Во Анжу, под раководство на Николас Хенц и Мари Пјер Адриен Франкастел, републиканците заробиле од 11.000 до 15.000 жители на Вандија, 6.500-7.000 биле застрелани или гилотинирани, а 2.000-2.200 затвореници умреа од болест. [20]

Конвентот објавил прокламации за смирување со кои на Вандејците им се дозволува слобода на богослужбата и им се гарантира нивниот имот. Генералот Хоче успешно ги применил овие мерки. Им го вратил добитокот на селаните кои прифаќале „да им се дозволи на свештениците да имаат неколку круни“, а на 20 јули 1795 година ја уништил емигрантска експедиција опремена во Англија и ги зазела Форт Пентиев и Квиберон. На 30 јули 1796 година, состојбата на опсада била повлечена од западните департмани.[3]

Во конфликтот во Вандеја се проценува дека загинале помеѓу 117.000 и 450.000 (од двете страни), од вкупно население од околу 800.000.[21] [22] [23]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schama, Simon (2004). Citizens. Penguin Books. стр. 694. ISBN 978-0141017273.
  2. Mignet, François (1826). History of the French revolution, from 1789 to 1814. ISBN 978-1298067661.
  3. 3,0 3,1 Anchel 1911.
  4. 4,0 4,1 James Maxwell Anderson (2007). Daily Life During the French Revolution, Greenwood Publishing Group, ISBN 0-313-33683-0. p. 205 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Anderson205“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. François Furet (1996). The French Revolution, 1770–1814 Blackwell Publishing, France ISBN 0-631-20299-4. p. 124
  6. 6,0 6,1 Joes, Anthony James Resisting Rebellion: The History and Politics of Counterinsurgency 2006 University Press of Kentucky ISBN 0-8131-2339-9. p. 51
  7. 7,0 7,1 Joes, p. 52
  8. Joes, pp. 52–53
  9. Furet and Ozouf, pp. 165–66.
  10. Louis Prévost (comte) de la Boutetière, Le chevalier de Sapinaud et les chefs vendéens du centre, Paris, 1869, p. 25
  11. Jacques, Dictionary, P–Z, p. 810.
  12. 12,0 12,1 Sutherland, Donald (2003). The French Revolution and Empire: The Quest for a Civic Order p. 222, Blackwell Publishing ISBN 0-631-23363-6
  13. Taylor, Ida Ashworth (1913). The tragedy of an army: La Vendée in 1793. Hutchinson & Co. стр. 315. Посетено на 22 December 2011.
  14. Mark Levene (2005). The Rise of the West and the Coming of Genocide. Volume II: Genocide in the Age of the Nation State. I.B. Tauris, London & New York. Chapter 3: The Vendée – A Paradigm Shift? ; p. 104. Retrieved 2 March 2017.
  15. Jean-Clément Martin, Contre-Révolution, Révolution et Nation en France, 1789–1799, éditions du Seuil, collection Points, 1998, p. 219
  16. Adam Jones, Genocide: A Comprehensive Introduction, Routledge/Taylor & Francis Publishers 2006, p. 7
  17. Louis-Marie Clénet, Les colonnes infernales, Perrin, collection Vérités et Légendes, 1993, p. 221
  18. Roger Dupuy, La République jacobine, tome 3 de la Nouvelle histoire de la France contemporaine, pp. 268–69.
  19. Jacques Hussenet (dir.), « Détruisez la Vendée ! » Regards croisés sur les victimes et destructions de la guerre de Vendée, La Roche-sur-Yon, Centre vendéen de recherches historiques, 2007, pp. 140, 466
  20. Jacques Hussenet (dir.), « Détruisez la Vendée ! » Regards croisés sur les victimes et destructions de la guerre de Vendée, La Roche-sur-Yon, Centre vendéen de recherches historiques, 2007, pp. 452–53
  21. 'State and Counterrevolution in France' – Charles Tilly. In: The French Revolution and the Birth of Modernity, edited by Ferenc Fehér. University of California Press; Berkeley – Los Angeles – Oxford, 1990. Retrieved 6 March 2017.
  22. Vive la Contre-Revolution!
  23. McPhee, Peter Review of Reynald Secher, A French Genocide: The Vendée H-France Review Vol. 4 (March 2004), No. 26