Валунска плоча
Валунската плоча (хрватски: Valunska ploča) е плоча од 11 век, испишана на два јазика (старохрватски и латински), со две писма (глаголица и латиница), која веројатно служела како надгробна плоча, а била пронајдена на гробишта во Валун, на островот Црес. Текстот е запис за три генерации на семејството Валун од 11 век, кои биле закопани под плочата: бабата, нејзиниот син и нејзиниот внук (со имиња Teha, Bratohna и Juna). Денес, плочата се наоѓа вградена во ѕидот на црквата Света Марија во Валун. Нејзината двојазичност е значаен доказ за коегзистенцијата на два етнички и јазични елемента: стариот народен латински јазик и новиот хрватски јазик.
Плочата
[уреди | уреди извор]Валунската плоча е природна плоча, необработена од резбар, од тип кој често може да се најде во карстна област и кој често се употребува од селаните, на пр. за поплочување на под. Според Фучиќ,[1] плочата првично служела да обележи плитко ископан гроб кај црквата Св. Марко во Буќево, над денешното село Валун на островот Црес.
Текстот
[уреди | уреди извор]На плочата се наоѓа двојазичен натпис: еден на хрватски јазик, врежан во постара, заоблена глаголица, и латински натпис, врежан со каролиншки минускул.
Латинскиот текст лесно може да се прочита:
- TECHNA ET FILIUS EIUS BRATOHNA
- ЕТ IUNNA NEPUS EIUS
Очигледно е дека станува збор за гроб на три генерации, кои носат стари хрватски имиња на крштевка. Тие се бабата Těha, нејзиниот син Bratohna и нејзиниот внук Juna.
На натписот на глаголица, кој го носи стариот хрватски текст, имињата TĚHA и JUNA лесно можат да се прочитаат, но името BRATOHNA недостасува. Во средина на натписот се наоѓаат 8 букви, од кои две се непознати на Фучиќ, па затоа ја прочитал секвенцата како:[2]
S | ? | ? | Ъ | V | Ъ | К | Ъ |
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
Непознатата буква (6) според Фучиќ е стариот глаголички "I", со дуплирана хоризонтална линија која го одвојува горниот елемент од долниот. Што се однесува на непозната буква (7), дијагоналната линија во окото на буквата N (14) во зборот JUNA го навела Фучиќ да ја разгледа дијагоналната линија во буквата (7), со што забележал дека резбарот направил очигледна грешка, така што изрезбал на погрешно место следна полусамогласка. После зборот TĚHA може да се прочита зборот SINЪ "син", што се совпаѓа со FILIUS "син" од латинскиот текст, а во преостанатата група на букви VЪKЪ треба да се земе предвид дека е испуштено NU за да се добие зборот VЪNЪKU "внук", за да се совпадне со зборот од латинскиот текст.
Затоа глаголичкиот натпис на Валунската плоча е:
Т | Ě | H | А | S | I | N | Ъ | V | Ъ | (NU) | К | Ъ | JU | N | А |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 1 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
Датирање
[уреди | уреди извор]Латински натпис со каролиншки минускул може да се датира до 9-тиот, 10 и 11 век. Глаголичкиот натпис е испишан со значително заоблено глаголичко писмо.
Типовите на полусамогласки, триаголен Ě, V со полукружна врска, К со долга странична линија—сите недвосмислено укажуваат на 11 век.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Branko, Fučić (1971-09-30). „Najstariji hrvatski glagoljski natpisi“. Slovo : časopis Staroslavenskoga instituta u Zagrebu (хрватски) (21). ISSN 0583-6255.
- ↑ Fučić, Branko (1997). Terra incognita. Загреб: Kršćanska sadašnjost.