Валсерберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валсерберг
Vaalserberg
HighestPointOfTheNetherlands.jpg
Обележје за највисоката точка во Холандија
Највисока точка
Надм. вис. 322,7 м
Име
Превод Валшка Планина (македонски)
Географија
Место Лимбург, Холандија
Покраина NL
Рзгледница од 1905 г. со четворомеѓата на Валсерберг

Валсерберг (холандски: Vaalserberg) — рид на југоисточниот крај на Холандија кој претставува највисокото место во земјата. Висок е 322,7 м[1] и се наоѓа во гратчето Валс (по кој го добил името) во покраината Лимбург. Најблизок град е Ахен (Германија), на далечина од околу три километри.

Ридот е највисок во европска Холандија, но не и во државата. Највисоко место во целото Кралство Холандија е Маунт Синери (887 м) на карипскиот остров Саба во состав на Холандските Антили.

Тромеѓа[уреди | уреди извор]

Во врвот на Валсеберг се среќаваат границите на Германија, Белгија и Холандија и затоа се нарекува „тромеѓа“ (хол. Drielandenpunt; гер. Dreiländereck; фр. Trois Frontières).

Во периодот од 1830 до 1919 г. врвот бил четворомеѓа, граничејќи се и со неутралниот кодоминиум Морсенет.

Поради тромеѓата, Валсерберг е познато туристичко место во Холандија. На белгиската страна е изградена кула наречена „Бодуенова кула“ (хол. Boudewijntoren; фр. Tour Baudouin) која служи како видиковец. На германска страна се протега природен резерват. Од германска страна се издига „Вилхелминина кула“ (Wilhelmina-Turm).

Велосипедистичка трка[уреди | уреди извор]

По Валсерберг често се одвива друмската велосипедистичка трка „Амстел Голд Рејс“ (анг. Amstel Gold Race), каде тој претставува средина на патеката.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Висината е изразена според амстердамската мерна нормала (NAPV). Според белгиската нормала (TAW), ридот е повисок за 2,3 м.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]