Валонски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Валонски Залив
Gjiri i Vlorës
June 22 2013 432 HSV Albanische Riviera.jpg
Валонскиот Залив на карта
ПодрачјеБалкан
Координати40°27′0″N 19°24′0″E / 40.45000° СГШ; 19.40000° ИГД / 40.45000; 19.40000Координати: 40°27′0″N 19°24′0″E / 40.45000° СГШ; 19.40000° ИГД / 40.45000; 19.40000
Океански/морски извориЈадранско Море, Јонско Море
Сливни земјиАлбанија
Најг. должина10 км
Површина&10000000000000250000000250 км2
Прос. длабочина25 м

Валонски Залив (албански: Gjiri i Vlorësзалив во Јадранското Море југпозападна Албанија. Отворен е кон морето на северозапад, а претежно ограден со лагуната Нарта на север; на североисток е градот Валона, а на исток и југоисток се планините на венецот Канали, додека на југозапад и запад се полуостровот Карабурун и островот Сажен.

Заливот е прогласен за подрачје од важност за птичјиот и растителниот свет поради исклучителните услови и големата разновидност на птици и растенија.[1][2] Морскиот парк Карабурун-Зажен, каде се среќаваат Јадранското и Јонското Море, го зафаќа западниот брег на заливот и има мошне ридест и нерамен терен.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Заливот бил важно место во антиката, и во него се одиграле некои од битките на Јулиј Цезар. Според едно предание, во Балонскиот Залив се потонати 18 брода со трговски стоки. Во последно време морепловниот факултет на Валонскиот универзитет се претежно се занимава со изучување на заливот.[4] На југозападниот крај на заливот е морнаричката база „Пашалиман“, каде имало пристаниште уште во стариот век, а градот се нарекувал Орик. Во Студената војна извесно време служело како советска база — единствената во Средоземното Море.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]