Валид Азару

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мароко Валид Азару
Лични податоци
Роден на 11 јуни 1995 (1995-06-11) (24 г.)
Роден во Аит Мелул, Мароко
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал Ахли Ал Ахли
Број 9
Младинска кариера
Дифаа Ел Жадидa Дифаа Ел Жадидa
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Дифаа Ел Жадидa Дифаа Ел Жадидa 54 (18)
2017- Ал Ахли Ал Ахли 43 (26)
Репрезентација
2017- Мароко Мароко 5 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Валид Азару, исто така познат како Азаро (роден на 11 јуни 1995 во Аит Мелул) - марокански фудбалер, напаѓач на Ал Ахли и на мароканската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Азаро е централен напаѓач,[1][2][3] ефикасен во играта во воздухот[4] агилен во движењата[2][3] и физички моќен.[2][3] Често склон да се жртвува[1] во фазата без посед на топка, има тенденција да се враќа за да може да го притисне противничкиот изнесувач на топката.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Азару ја започнал својата кариера во екипата на Дифаа Ел Жадида во која дебитирал како професионалец во 2015 година. По две сезони во Дифаа во кои одиграл преку 60 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 21 гол, во 2017 година тој се преселил во египетскиот гигант Ал Ахли за 1.4 милиони долари,[5][6] потпишувајќи четиригодишен договор за плата од 300.000 долари[7] - која може максимално да се искачи до 450.000 долари - по сезона.[5]

Иако првично бил на удар на разни критики[3][4][8][9] правејќи некои невероватни промашувања пред противничкиот гол,[3][4][10] сепак тој успел да ја врати довербата на тренерот Ел-Бадри[8] постигнувајќи хет-трик на 22 октомври против Етуал ду Сахел, помагајќи им на своите соиграчи да го поништат поразот од првиот натпревар и да изборат пласман во финалето на Лигата на шампионите,[10][11] во кое сепак последователно загубиле од Видад Казабланка.

На 8 јануари постигнал еден од трите гола за Ал Ахли во победата со 3-0 на гости против Замалек во Дербито на Каиро.[12] На 12 јануари 2018, Азару го постигнал единствениот гол во Суперкупот на Египет 2017 во 101-вата минута од продолженијата, со кој му донел победа на Ал Ахли над Ал Масри со 1-0.[13]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 31 октомври 2016 година, селекторот Ерве Ренар одлучил да го повика Азару во националниот тим за натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.[14][15] Сепак, во оваа прилика тој останал целиот натпревар на клупата, како неискористена замена. Своето деби за "Лавовите од Атлас" го направил на 24 март 2017 година против Буркина Фасо во пријателски натпревар, играјќи во завршните неколку минути, на местото на Фајсал Фајр.[16]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана 12 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016 Мароко Дифаа Ел Жадида Б1 26 6 КТ 0 0 - - - - - - 26 6
2016-2017 Б1 28 12 КТ 7 3 - - - - - - 35 15
Вкупно Дифаа Ел Жадида 54 18 7 3 - - - - 61 21
2017-2018 Египет Ал Ахли ПЛ 28 17 КЕ 0+1 1 КЛШ+АЛШ+КЛШ 6+4+0 4+1+0 СЕ 1 1 27 16
Вкупно во кариерата 82 35 8 4 10 5 0 0 88 37

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Египет Ал Ахли[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]