Вале де лос Каидос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долина на паднатите
Valle de los Caídos
SPA-2014-San Lorenzo de El Escorial-Valley of the Fallen (Valle de los Caídos).jpg
Поглед кон комплексот
Општи податоци
Градблиску Мадрид
ЗемјаШпанија
Почната1940
Проектирање и изградба
АрхитектПедро Мугуруса и Диего Мендес

Вале де лос Каидос (шппански: Valle de los Caídos) е национален монументален комплекс во општината Сан Лоренцо де Ел Ескоријал, провинција Мадрид, Шпанија. Во превод, Вале де лос Каидос значи „долина на паднатите“ или „Опатијата на Светиот Крст“ (шпански: Abadía de la Santa Cruz del Valle de los Caídos). Комплексот се наоѓа 9 километри северно од Ескоријал.

Тој бил изграден по наредба на Франсиско Франко, за да по неговата смрт биде погребан таму заедно со Хосе Антонио Примо де Ривера,[1] еден од основачите на Шпанската фаланга, како и уште 33.872 луѓе кои биле убиени или загинати за време на Шпанската граѓанска војна. Според указот издаден на 1 април 1940 година, гробницата и католичката базилика биле изградени[2] во спомен за загинатите во војната. Целиот комплекс започнал да се гради во 1940 година, но целосно бил отворен односно завршен во 1959 година. Архитекти на проектот се Педро Мугуруса и Диего Мендес.

Опатијата се состои од две главни згради. Во првата, која се наоѓа поблиску до Крстот е т.н. бенедиктинска опатија, а другата главно е за туристички цели во која се наоѓаат монасите. Комплексот се простира на околу 300 метри должина и 150 метри ширина. Веднаш до опатијата се наоѓа гробницата на монасите, која е затворена за посетителите.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 40°38′31″N 4°09′19″W / 40.64194° СГШ; 4.15528° ЗГД / 40.64194; -4.15528