Валериј Карпин
| Валериј Карпин | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Валериј Георгијевич Карпин | ||
| Роден на | 2 февруари 1969 | ||
| Роден во | Нарва, Естонска ССР | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,85 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Сегашен клуб |
| ||
| Повлекување | 2005 (36 г.) | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1986-1988 |
| 25 | (1) |
| 1988 |
| 3 | (0) |
| 1989 |
| 25 | (7) |
| 1990-1994 |
| 117 | (28) |
| 1994-1996 |
| 72 | (16) |
| 1996-1997 |
| 36 | (6) |
| 1997-2002 |
| 168 | (26) |
| 2002-2005 |
| 107 | (20) |
| Репрезентација | |||
| 1992 |
| 1 | (0) |
| 1992–2003 |
| 72 | (17) |
| Раководител на екипите | |||
| 2009–2012 |
| ||
| 2012–2014 |
| ||
| 2014–2015 |
| ||
| 2015–2016 |
| ||
| 2017–2021 |
| ||
| 2021– |
| ||
| 2022–2025 |
| ||
| 2025– |
| ||
Валериј Георгијевич Карпин (роден на 2 февруари 1969 година, во Нарва) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Динамо Москва, а истовремено тој, исто така, е и селектор на руската фудбалска репрезентација.
Биографија
[уреди | уреди извор]Карпин има четири ќерки по име Вероника (родена во 1990 година),[1] Марија (р. 1996), Валерија (р. 2001) и Дарија (р. 2018). Од 2017 година, Карпин е во брак со наставничка по англиски јазик, пејачка и аматерска лизгачка Дарија Гордеева (пред тоа тој бил во брак двапати).[2] Карпин има руско, естонско и шпанско државјанство.[3][4]
Во 2007 година, Карпин станал сопственик на велосипедската екипа Карпин-Галисија. Тој, исто така, поседува компанија за недвижности заедно со поранешниот соиграч од Селта Виго Мичел Салгадо.[5]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и раните години од кариерата
[уреди | уреди извор]Својата кариера ја започнал на осумгодишна возраст, во фудбалската школа „Нарва“. Во раните години, тој играл за репрезентацијата на Естонската ССР на турнири во младинските категории. Исто така, играл и хокеј, а на 12 години бил член на младинскиот тим на Советскиот Сојуз. На 15 години, се преселил во Талин, каде што се приклучил на локалниот тим „Звезда“.
На 17-годишна возраст, Карпин играл за фудбалскиот клуб „Спорт“ од Талин, кој се натпреварувал во Втората лига на Советскиот Сојуз. Една година подоцна, бидејќи бил одговорен за воена служба, тој заминал со екипата на Балтичкиот воен округ на турнир во Лавов, од каде што дошол во ЦСКА Москва. Сепак, за младиот играч таму немало место во првиот тим, па поради тоа бил приклучен во резервни от тим ЦСКА-2.
Во 1989 година, по завршувањето на воената служба, тој играл за Факел Воронеж на позицијата лево крило.[6]
Спартак Москва
[уреди | уреди извор]Во 1990 година, тој се приклучил на Спартак Москва, каде што бил поканет од скаутот Валентин Покровски. Првично, Карпин заработувал околу 60 рубљи во клубот, што било три пати помалку од она што го заработувал во Факел Воронеж.[6]
Тренерот на Спартак, Олег Романцев, го преместил Карпин на десната страна од средниот ред. Валериј го имал своето деби за Спартак во натпреварот против неговиот поранешен клуб ЦСКА забележувајќи две асистенции,[6] помагајќи му на Спартак да победи со резултат 5-4. Во осминафиналето на Купот на шампионите против Наполи, на Валериј му било доверено да го изведе првиот удар во пенал-серијата, а играчот од средниот ред успешно го реализирал.
Во сезоната 1991, Карпин играл постојано во почетниот состав на „црвено-белите“, иако бил во сенката на играчи како Василиј Кулков, Игор Шалимов и Александар Мостовој. Сепак, откако овие играчи заминале по европските клубови, Карпин станал еден од лидерите на Спартак, кој во тоа време владеел врховно во руското првенство. Како дел од тимот, тој освоил три првенства на Русија и еден куп.
Реал Сосиедад и Валенсија
[уреди | уреди извор]
По Светското првенство 1994 во САД, тој се преселил во Шпанија, каде останал да игр до крајот на својата играчка кариера. Првиот клуб на Карпин таму бил Реал Сосиедад. Своето деби во Примера Дивисион го имал на 4 септември 1994, играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 на гости над Компостела. Тој веднаш станал редовен играч во почетната постава на тимот, заземајќи ја позицијата по десната страна во средниот ред. Во двете години поминати во Реал Сосиедад тој одиграл 75 натпревари и постигнал 17 гола.
Во 1996 година, Карпин потпишал за Валенсија, во тоа време еден од најдобрите клубови во Шпанија. Тој одиграл одлична сезона на личен план, постигнувајќи 6 гола во 46 одиграни натпревари во сите натпреварувања, но тимот разочарал заземајќи го дури 10-тото место на табелата во шпанското првенство.
Селта Виго
[уреди | уреди извор]По само една сезона Карпин ја напуштил Валенсија и се приклучил на друг шпански клуб, Селта Виго, приклучувајќи му се на неговиот соиграч од репрезентацијата, Александар Мостовој, кој пристигнал во клубот една година претходно. Карпин дебитирал за клубот со гол, во победата на домашен терен над Реал Сарагоса со 2-1 во првенството на 31 август 1997.[7] Петтнаесет дена подоцна, тој постигнал уште еден гол, овојпат во победата со 2-0 на домашен терен над Бетис. Карпин имал одлична прва сезона во Селта играјќи како стартер во 37 од 38 натпревари (пропуштил само еден натпревар поради суспензија заради акумулирани жолти картони) во првенството на кои постигнал 4 гола.
Следната сезона, тој ги подобрил својте перформанси постигнувајќи 8 гола во првенството, вклучително и двата во победата со 4-2 на домашен терен над Мајорка, помагајќи им на галисијците да го освојат петтото место во Примера Дивисион на крајот од сезоната и повторно да изборат пласман во Купот на УЕФА. Во споменатото натпреварување клубот настапувал и во сезоната 1998-1999, стигајќи до четвртфиналето и елиминирале на патот до таму некој врвни екипи како Ливерпул против кој Карпин постигнал гол во победата со 3-1 во Виго.

Во сезоната 1999-2000, Карпин постигнал 11 гола во сите натпреварувања. Тој учествувал во неколку незаброавни победи на клубот како 7-0 над Бенфика и 4-0 над Јувентус во Купот на УЕФА и успехот со 1-0 над Реал Мадрид во првенството.
На почетокот од сезоната 2000-2001, Карпин за првпат ја носел капитенската лента на Селта, во победите над Астон Вила во полуфиналето на Интертото купот. Подоцна, Селта го освоила натпреварувањето совладувајќи го Зенит во финалето со вкупен резултат 4-3 (2-1, 2-2), а тој постигнал гол и во двата натпревари. На 18 март 2001, Карпин постигнал хет-трик во првенствената победа со 3-2 над Валенсија.
На 22 декември 2001, Карпин го одиграл својот 200-ти натпревар во дресот на Селта, во победата со 1-0 на гости над Севиља.
Дресот на Селта Виго го носел до 2002 година, забележувајќи 218 настапи и 39 гола за клубот.
Враќање во Реал Сосиедад и завршување на кариерата
[уреди | уреди извор]На крајот од својата кариера во 2002 година, Карпин се вратил во Реал Сосиедад. Неговата прва сезона по враќањето била една од најдобрите во неговата кариера: Реал Сосиедад бил многу блиску да ја освои шампионската титула во Примера, пред да биде престигнат во завршницата од Реал Мадрид, а Валериј бил неоспорен лидер на тимот, постигнувајќи осум гола. Карпин, се пензионирал од професионалното играње фудбал во 2005 година, на 36-годишна возраст.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Карпин одиграл 72 натпревари за руската репрезентација, постигнувајќи 17 гола, но претходно бил повикан еднаш и во репрезентацијата на Заедницата на независни држави, играјќи во пријателски натпревар против Англија, во кој влегол во игра во последниот половина час на местото на Андреј Канчелскис.[8]
Тој го постигнал првиот гол за Русија по распадот на Советскиот Сојуз, во победата од 2-0 над Мексико на 17 август 1992 година.[9] Карпин настапил за Русија на Светското првенство 1994 во САД и на Европското првенство 1996 во Англија, играјќи ги сите натпревари на својата земја и на двата турнири, постигнувајќи погодок на вториот во последниот натпревар од групата против Чешка завршен со резултат 3-3.
На 24 април 1997 година, Карпин го објави своето одбивање да игра за националниот тим во знак на протест против тоа што селекторот Борис Игнатјев не го повикал за натпреварот против Луксембург.[10] Соиграчот од репрезентацијата, Виктор Онопко, постојано се обидувал да го убеди Карпин да се врати во тимот, па дури и самиот Игнатиев го замолил играчот да не донесува избрзани одлуки, но Карпин бил непоколеблив.[11]
Подоцна, тој се вратил во руската репрезентација под водство на новиот селектор Анатолиј Бишовец и бил еден од најважните играчи во составот на неговиот наследник Олег Романцев во квалификациите за Светското првенство 2002; откако Русија се квалификувала за „Мундијалот“ во Јапонија и Јужна Кореја, Карпин бил повикан во составот и ги одиграл сите три натпревари за својата земја во уште една елиминација во групната фаза.
Во март 2003 година, на 34-годишна возраст, тој одлучил да се повлече од репрезентацијата.[12][13]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Заедница на независни држави
[уреди | уреди извор]| Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Заедница на независни држави | ||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
| 29-4-1992 | Москва | Заедница на независни држави | 2 – 2 | Пријателска | - | |||
| Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 | ||||
Русија
[уреди | уреди извор]Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Карпин ја започнал својата тренерска кариера во 2009 година, кога бил назначен за тренер на Спартак Москва, заменувајќи го Михаел Лаудруп на клупата по серијата слаби резултати на данецот. Иако бил назначен само како привремен тренер, Карпин останал на клупата се до завршувањето на сезоната 2011-2012. На 25 ноември 2012, откако Спартак го отпуштил Унаи Емери, Карпин се вратил на клупата на клубот. Вториот престој во клубот му завршил во март 2014 година.
На 12 август 2014, тој бил назначен за тренер на шпанската екипа Мајорка.[15] Во февруари 2015 година, тој бил отпуштен оставајќи го тимот на 15-тото место во Сегунда Дивисион.
Тој го преземал Торпедо Армавир, клуб од второто ниво на рускиот фудбал. Под негово водство, тимот испаднал назад во третата лига по што на 23 јуни 2016 година, тој го напуштил клубот „со меѓусебна согласност“.[16]
На 19 декември 2017 година, Карпин бил претставен како нов тренер на Ростов, потпишувајќи договор со клубот на две и пол години.[17]
На 23 јули 2021 година, Рускиот фудбалски сојуз го ангажирал Карпин за селектор на руската репрезентација до 31 декември 2021 година (за време на траењето на квалификациската кампања за Светското првенство 2022). Во исто време, тој требало да продолжи да го тренира Ростов, но десет дена подоцна на 2 август 2021, тој го напуштил Ростов.[18]
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 21 септември 2025.
| Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
| 1986 | 2Л | 10 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 10 | 1 | |
| 1987 | 2Л | 15 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 15 | 0 | |
| Вкупно Спорт Талин | 25 | 1 | - | - | - | - | - | - | 25 | 1 | |||||
| 1988 | 1Л | 3 | 0 | КС | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 | |
| 1989 | 1Л | 27 | 7 | КС | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 27 | 7 | |
| 1990 | 1Л | 21 | 0 | КС | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 0 | |
| 1991 | 1Л | 28 | 3 | КС | 5 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 41 | 4 | |
| 1992 | 1Л | 26 | 7 | КР | 0 | 0 | КУ | 4 | 1 | - | - | - | 30 | 8 | |
| 1993 | 1Л | 30 | 13 | КР | 5 | 4 | КПК | 8 | 4 | - | - | - | 43 | 21 | |
| 1994 | 1Л | 12 | 5 | КР | - | - | ЛШ | 10 | 5 | - | - | - | 22 | 10 | |
| Вкупно Спартак Москва | 117 | 28 | 13 | 5 | 30 | 10 | - | - | 160 | 43 | |||||
| 1994-1995 | ПД | 35 | 3 | КШ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 3 | |
| 1995-1996 | ПД | 37 | 13 | ПД | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 39 | 14 | |
| 1996-1997 | ПД | 36 | 6 | КШ | 2 | 0 | КУ | 8 | 0 | - | - | - | 46 | 6 | |
| 1997-1998 | ПД | 37 | 4 | КШ | 5 | 1 | - | - | - | - | - | - | 42 | 5 | |
| 1998-1999 | ПД | 34 | 8 | КШ | 2 | 0 | КУ | 7 | 1 | - | - | - | 43 | 9 | |
| 1999-2000 | ПД | 34 | 6 | КШ | 2 | 0 | КУ | 10 | 5 | - | - | - | 46 | 11 | |
| 2000-2001 | ПД | 30 | 5 | КШ | 6 | 1 | ИК+КУ | 4+9 | 2+1 | - | - | - | 49 | 9 | |
| 2001-2002 | ПД | 33 | 3 | КШ | 2 | 0 | КУ | 3 | 2 | - | - | - | 38 | 5 | |
| Вкупно Селта Виго | 168 | 26 | 17 | 2 | 33 | 11 | - | - | 218 | 39 | |||||
| 2002-2003 | ПД | 36 | 8 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 8 | |
| 2003-2004 | ПД | 38 | 7 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 46 | 7 | |
| 2004-2005 | ПД | 34 | 5 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 5 | |
| Вкупно Реал Сосиедад | 180 | 36 | 6 | 1 | 8 | 0 | - | - | 194 | 37 | |||||
| Вкупно во кариерата | 556 | 104 | 38 | 8 | 79 | 21 | - | - | 673 | 133 | |||||
Репрезентативна статистика
[уреди | уреди извор]| Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
|---|---|---|---|
| 1992 | 1 | 0 | |
| Вкупно | 1 | 0 | |
| 1992 | 3 | 1 | |
| 1993 | 6 | 0 | |
| 1994 | 6 | 1 | |
| 1995 | 8 | 3 | |
| 1996 | 12 | 4 | |
| 1997 | 2 | 0 | |
| 1998 | 5 | 0 | |
| 1999 | 9 | 6 | |
| 2000 | 4 | 1 | |
| 2001 | 9 | 0 | |
| 2002 | 7 | 1 | |
| 2003 | 1 | 0 | |
| Вкупно | 72 | 17 | |
Хет-трикови
[уреди | уреди извор]| Хет-трикови | |||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||
Тренерска статистика
[уреди | уреди извор]Клубови
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 25 мај 2025.
| Сезона | Екипа | Првенство | Национален куп | Континентални купови | Останати купови | Вкупно | Победи % | Пласман | |||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Натп | ОН | П | Н | И | Натп | ОН | П | Н | И | Натп | ОН | П | Н | И | Натп | ОН | П | Н | И | ОН | П | Н | И | % | |||
| апр.-ное. 2009 | ПЛ | 26 | 16 | 3 | 7 | КР | 2 | 1 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 28 | 17 | 3 | 8 | 60,71 | наз. 10. место, крај 2. место | |
| 2010 | ПЛ | 30 | 13 | 10 | 7 | КР | 4 | 3 | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 6+6 | 3+3 | 0+1 | 3+2 | - | - | - | - | - | 46 | 22 | 12 | 12 | 47,83 | 4. место | |
| 2011-2012 | ПЛ | 44 | 21 | 12 | 11 | КР | 2 | 1 | 1 | 0 | ЛЕ | 2[19] | 0 | 1 | 1 | - | - | - | - | - | 48 | 22 | 14 | 12 | 45,83 | 2. место | |
| ное. 2012-2013 | ПЛ | 13 | 6 | 4 | 3 | КР | - | - | - | - | ЛШ | 1 | 0 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | 14 | 6 | 4 | 4 | 42,86 | наз. 7. место, крај 4. место | |
| 2013-март 2014 | ПЛ | 21 | 12 | 4 | 5 | КР | 2 | 1 | 0 | 1 | ЛЕ | 2[20] | 0 | 1 | 1 | - | - | - | - | - | 25 | 13 | 5 | 7 | 52,00 | отп. 3. место | |
| Вкупно Спартак Москва | 134 | 68 | 33 | 33 | 10 | 6 | 2 | 2 | 17 | 6 | 3 | 8 | - | - | - | - | 161 | 80 | 38 | 43 | 49,69 | ||||||
| 2014-фев. 2015 | СД | 24 | 7 | 6 | 11 | КШ | 1 | 0 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 25 | 7 | 6 | 12 | 28,00 | отп. 15. место | |
| 2015-2016 | ПФНЛ | 38 | 10 | 10 | 18 | КР | 2 | 1 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 40 | 11 | 10 | 19 | 27,50 | 18. место | |
| мар.-мај 2018 | ПЛ | 10 | 3 | 3 | 4 | КР | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 10 | 3 | 3 | 4 | 30,00 | наз 9. место, крај 11. место | |
| 2018-2019 | ПЛ | 30 | 10 | 11 | 9 | КР | 6 | 3 | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 36 | 13 | 13 | 10 | 36,11 | 9. место | |
| 2019-2020 | ПЛ | 30 | 12 | 9 | 9 | КР | 2 | 1 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 32 | 13 | 9 | 10 | 40,63 | 5. место | |
| 2020-2021 | ПЛ | 30 | 13 | 4 | 13 | КР | 1 | 0 | 0 | 1 | ЛЕ | 1[21] | 0 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | 32 | 13 | 4 | 15 | 40,63 | 9. место | |
| јул. 2021-мар.мај 2022 | ПЛ | 13 | 6 | 2 | 5 | КР | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 13 | 6 | 2 | 5 | 46,15 | отп., наз., крај 9. место | |
| 2022-2023 | ПЛ | 30 | 15 | 8 | 7 | КР | 10 | 4 | 2 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 40 | 19 | 10 | 11 | 47,50 | 4. место | |
| 2023-2024 | ПЛ | 30 | 12 | 7 | 11 | КР | 11 | 4 | 3 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 41 | 16 | 10 | 15 | 39,02 | 7. место | |
| јул.-дек. 2024 | ПЛ | 18 | 7 | 5 | 6 | КР | 8 | 5 | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 26 | 12 | 7 | 7 | 46,15 | ост. 7. место | |
| Вкупно Ростов | 191 | 78 | 49 | 64 | 38 | 17 | 9 | 12 | 1 | 0 | 0 | 1 | - | - | - | - | 230 | 95 | 58 | 77 | 41,30 | ||||||
| 2025-2026 | ПЛ | 6 | 2 | 2 | 2 | КР | 3 | 1 | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 9 | 3 | 3 | 3 | 33,33 | ||
| Вкупно во кариерата | 393 | 165 | 100 | 128 | 54 | 25 | 12 | 17 | 18 | 6 | 3 | 9 | - | - | - | - | 465 | 196 | 115 | 154 | 42,15 | ||||||
Русија
[уреди | уреди извор]| Екипа | Учинок | Голови | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Одиграни | Победи | Нерешени | Изгубени | Успешност % | ДГ | ПГ | ГР | ||
| 25 | 17 | 7 | 1 | 68,00 | 67 | 9 | +58 | ||
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Спартак Москва
[уреди | уреди извор]- Руско првенство : 3
- 1992, 1993, 1994
- 1991-1992
- Куп на Русија : 1
- 1993-1994
Селта Виго
[уреди | уреди извор]
Интертото куп : 1
- 2000
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ От Карреры до Романцева. Чем занимаются дети звездных спортсменов в соцсетях. Sovsport.ru. 25 January 2017.
- ↑ Валерий Карпин женился. Sportbox. 10 June 2017.
- ↑ „Valeri Karpinist sai Eesti kodanik“. Delfi Sport (естонски). Посетено на 9 November 2024.
- ↑ „"Теперь я буду клоуном". Что мы знаем о Валерии Карпине, который возглавляет сборную России“. sportkp.ru (руски). 2021-09-21. Посетено на 2022-11-11.
- ↑ „"Я чувствовал эйфорию". Как Валерий Карпин строил бизнес в Испании“. www.vedomosti.ru (руски). 2021-11-12.
- 1 2 3 „Валерий Карпин: «Когда я разрыдался, Черенков сказал: „Не плачь, Валера, ты нам ещё поможешь"»“. Архивирано од изворникот 2011-02-04. Посетено на 2011-02-01.
- ↑ Celta de Vigo 2 - Zaragoza 1 (Jornada 1 - 31/08/1997). https://www.youtube.com/watch?v=maJsGRRmLOI.
- ↑ „C.I.S. v England, 29 April 1992“ (англиски). Посетено на 20 јуни 2013.
- ↑ „Russia v Mexico, 17 August 1992“ (англиски). Посетено на 20 јуни 2013.
- ↑ „Бесславный финал беспризорной сборной“. Спорт-Экспресс. 1997-11-18. Архивирано од изворникот 2023-01-01. Посетено на 2023-01-01.
- ↑ Михаил Пукшанский (1997-11-18). „Борис Игнатьев: «Я не настолько богат, чтобы добровольно уйти в отставку»“. Спорт-Экспресс. Посетено на 2023-01-01.
- ↑ „Карпин прощается со сборной“. Архивирано од изворникот 2016-03-04. Посетено на 2011-03-26.
- ↑ „EURO-2004. Осталось 2 дня: самые большие потери — у России“. Архивирано од изворникот 2014-07-19. Посетено на 2011-03-27.
- ↑ На седмото место изедначен со Андреј Аршавин.
- ↑ „Valeri Karpin nuevo entrenador del RCD Mallorca“ [Valeri Karpin new manager of RCD Mallorca] (шпански). Mallorca's official website. 12 August 2014. Архивирано од изворникот на 13 August 2014. Посетено на 12 August 2014.
- ↑ Карпин покидает «Армавир» (руски). FC Armavir. 23 June 2016. Архивирано од изворникот на 18 December 2020. Посетено на 23 June 2016.
- ↑ Валерий Карпин – новый главный тренер ФК Ростов. fc-rostov.ru (руски). FC Rostov. 19 December 2017. Архивирано од изворникот на 22 November 2020. Посетено на 19 December 2017.
- ↑ „ВАЛЕРИЙ КАРПИН ПОКИДАЕТ ПОСТ ГЛАВНОГО ТРЕНЕРА "РОСТОВА" ПО СОГЛАШЕНИЮ СТОРОН“ (руски). FC Rostov. 2 August 2021.
- ↑ Во квалификациските кола
- ↑ Во квалификациските кола
- ↑ Во квалификациските кола
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Валериј Карпин на soccerway
- Валериј Карпин на transfermarkt
- Валериј Карпин на espn
- Валериј Карпин whoscored
- Валериј Карпин worldfootball
| ||||||||
| ||||||||||
- Советски фудбалери
- Руски фудбалери
- Руски фудбалски тренери
- Фудбалери на ФК ЦСКА Москва
- Фудбалери на ФК Спартак Москва
- Фудбалери на ФК Реал Сосиедад
- Фудбалери на ФК Валенсија
- Фудбалери на ФК Селта Виго
- Тренери на ФК Спартак Москва
- Тренери на ФК Мајорка
- Селектори на фудбалската репрезентација на Русија
- Фудбалери на Светско првенство 1994
- Фудбалери на Светско првенство 2002